Македонија

За речиси 50 насто поскап престој во градинките во Центар

Од градинките, до родителите испратиле известување: оние кои не го прифаќаат зголемувањето ќе треба да ги отпишат децата од градинка

Родителите на децата кои живеат и се згрижени во градинки во општина Центар од месец мај ќе плаќаат повисока цена за 47,6 отсто за месечен престој.

Цената за едно дете е повисока за 710 денари, па наместо досегашните 1.490 денари ќе изнесува 2.200 денари за месец, објави Скопје 1.мк.

Одлуката е изгласана во Советот на општина Центар.

Од градинките, до родителите испратиле известување: оние кои не го прифаќаат зголемувањето ќе треба да ги отпишат децата од градинка.

Во некои други скопски градинки веќе се плаќа повисока цена. Родителите во општина Карпош веќе две години плаќаат 2.000 денари, а на почетокот на годинава се зголемија и цените во општина Ѓорче Петров на 2.000 денари. објави Скопје1.мк

Најнови вести од: Македонија

Македонските дипломати во Скопје ги прецизираат идните задачи на дипломатската мрежа

Заштита на македонските национални интереси, потенцијалот на дипломатско-конзуларни претставништва во делот на економската дипломатија и заштита на граѓаните што живеат надвор од границите на нашата држава

Сиљановска-Давкова: Новата мултиполарна реалност со проактивна дипломатија, водени од јасен национален, натпартиски надворешнополитички компас

Во време на големи геополитички пресврти нам ни е потребна дипломатија која е истовремено принципиелна и прагматична, втемелена во вредности, но отворена кон новите реалности, порача шефицата на државата

To top