Хроника

Сериозен инцидент во Кисела Вода: Р.Д. (36) двапати нападнат од повеќе лица, удрен и со кундак од пиштол, повреден однесен во болница

Во скопската населба Кисела Вода се случил сериозен физички инцидент, во кој 36-годишен скопјанец завршил со повреди, откако бил двапати нападнат од повеќе лица, при што едно од нив употребило и пиштол.

Според информациите, случајот во СВР Скопје бил пријавен од Јавната здравствена установа „Св. Наум Охридски“, каде што бил донесен повредениот Р.Д. (36) од Скопје. Настанот се одиграл околу полноќта на подрачјето на Кисела Вода, додека тој се движел со патничко возило „БМВ“.

Во првиот момент, Р.Д. бил запрен од лице со иницијали Ј.А., кое го познавал, по што по расправија уследил физички напад. Подоцна, кога повторно се вратил на истото место, бил нападнат уште еднаш – овојпат од Ј.А., како и од М.А. и Е.Н. Во текот на нападот, М.А. го удрил Р.Д. со кундак од пиштол.

Од полицијата информираат дека по целосно документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.

Најнови вести од: Хроника

Б.М и Ќ.С. од Корешница, Демиркапија добија 6 и 4 години затвор, поради грабнување и претепување жител на Неготино

Двајца жители на демиркапиското село Корешница се осудени на шест и четири години затвор за грабнување на жител на Неготино, одлучи Основниот суд во Кавадарци. Во текот на постапката, обвинението против првообвинетиот Б.М. било делумно изменето по извршеното психијатриско вештачење, кое покажало дека во моментот на делото бил во состојба на битно намалена пресметливост, поради трајно душевно заболување.

To top