Македонија

(Видео): Нов пазар за струја

Со новиот Пазар за струја во тековен ден ќе се овозможи тргување со електрична енергија во реално време. Очекуваните придобивки сè поголема ефикасност, стабилност и транспарентност при снабдувањето со струја.

Премиерот Христијан Мицкоски денеска на настан во организација на МЕМО ДООЕЛ Скопје официјално го означи почетокот на тргувањето на „Пазарот во тековниот ден“ – Intraday Market, оценувајќи го како значаен чекор кон модернизација и европска интеграција на македонскиот енергетски сектор. Во своето обраќање, Мицкоски порача дека воведувањето на Intraday Market не претставува само техничка новина, туку „сериозен исчекор кон модерна, стабилна и европски усогласена енергетика“.

„Ова не е само нова техничка алатка или уште една административна процедура. Ова е сериозен исчекор кон модерна, стабилна и европски усогласена енергетика“, истакна премиерот.

Тој нагласи дека новата платформа ќе овозможи поголема флексибилност во управувањето со електроенергетскиот систем, подобро балансирање и поефикасно користење на енергијата во реално време, особено во услови на европска енергетска трансформација.

„Нашата држава не смее да стои настрана. Напротив, мора да биде активен дел од европските енергетски текови и политики“, рече Мицкоски.

Премиерот ја потенцираше и улогата на МЕМО, посочувајќи дека компанијата со воведувањето на Intraday тргувањето уште еднаш покажала капацитет и професионалност.

„Овој успех е резултат на сериозна работа, стручност и посветеност“, додаде тој.

Според Мицкоски, Intraday Market ќе придонесе за поголема транспарентност, подобра ликвидност и зголемена конкуренција на пазарот на електрична енергија, а воедно ќе помогне и во справувањето со дебалансите и намалувањето на системските ризици. Во обраќањето тој се осврна и на механизмот CBAM, оценувајќи дека ваквите реформи ќе помогнат во ублажување на неговите ефекти врз домашната економија.

Мицкоски повтори дека Владата има амбиција Македонија во иднина да се позиционира како нето извозник на електрична енергија.

„Нашата цел е јасна – да изградиме енергетски систем кој нема само да ги задоволува домашните потреби, туку ќе ја позиционира Македонија како држава која може да биде и нето извозник на електрична енергија“, изјави премиерот.

На крајот од обраќањето, тој порача дека ова е само почеток на процесот на реформи во енергетскиот сектор.

„Денес испраќаме порака дека се менуваме, се модернизираме и се движиме напред“, рече Мицкоски, по што официјално го означи стартот на тргувањето на Intraday Market во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Ѓорге Иванов: Секоја генерација има своја борба, нашата е за подостоинствен живот во Македонија

Поранешниот претседател на Македонија, Ѓорге Иванов, упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба, порачувајќи дека единството, истрајноста и заедничката цел се темелите врз кои треба да се гради иднината на државата. Иванов потсети дека со формирањето на Македонската револуционерна организација во 1893 година, шестмината основачи ја поставиле основата за остварување […]

На Денот на македонската револуционерна борба порака од Кос: Направете ги уставните измени, исполнете ја вашата обврска!

Уставните измени се чекорот што треба да го направи земјава за да продолжи евроинтегративниот процес без дополнителни политички одлуки, порача еврокомесарката за проширување Марта Кос по денешната тет-а-тет средба во Брисел со вицепремиерот и министер за европски прашања Беким Сали.

СВР Тетово: Се преземаат мерки за спречување меѓуетничка нетрпеливост кај младите

Секторот за внатрешни работи Тетово ја информира јавноста во врска со видео материјалите кои се споделени во дел од социјалните мрежи, а се однесуваат на синоќешниот инцидент во кој беа вмешани неколку малолетни лица, дека синоќа тие малолетници се обиделе да проверат кај две 11-годишни деца дали нивната облека содржи обележја на навивачка група, при што изреагирале случајни минувачи и не дошло до физички контакт.

Мицкоски: Над 1200 градилишта низ РМ, вложуваме во автопати, железница, образование и инфраструктура! – Јавните функционери да ја оправдаат дадената обврска!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека Владата во изминатите две години работи на реализација на голем број инфраструктурни и развојни проекти, посочувајќи дека низ државата има повеќе од 1.200 активни градилишта и проекти.

Мицкоски: Никогаш нема да отстапам од интересите на мојот македонски народ! – Гоце е вткаен во нашето постоење, тој е Македонија!

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека нема да отстапи од, како што рече, интересите на македонскиот народ, нагласувајќи дека европската иднина на државата треба да се гради со мудрост, реформи и зачувување на националното достоинство.

Муцунски: Наша обврска е да градиме силна и меѓународно почитувана држава, чувајќи ги идеалите со достоинство

Министерот за надворешни работи на Република Македонија Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

Мицкоски: Свои на своето и со крената глава! – Со корен во минатото и со верба во иднината, ќе успееме!

„На 23 Октомври, покрај гордоста, треба да почувствуваме и одговорност. Да застанеме пред нивниот спомен, да се поклониме и искрено да се запрашаме: што правиме ние со слободата, за која тие се бореа, за која тие живееја и за која тие ги положуваа своите животи? Каква држава им оставаме на оние што доаѓаат по нас?“ – нагласи претседателот на Владата на Република Македонија Христијан Мицкоски на денешната свечена академија, која се одржа под мотото „Свои на своето!“ по повод Денот на македонската револуционерна борба – 23 Октомври.

Најнови вести

To top