Македонија

Меџити: Обезбедивме 2,5 милијарди денари за чиста вода, здрава средина и безбедна инфраструктура во општините

Денеска беа потпишани договори со кои на 51 општинa ќе им бидат распределени околу 2,5 милијарди денари

Министерството за животна средина и просторно планирање испорачува најголема поддршка досега за локалната еколошка и инфраструктурна обнова.

Денеска беа потпишани договори со кои на 51 општинa ќе им бидат распределени околу 2,5 милијарди денари за реализација на 143 инфраструктурни проекти во областа на водоснабдување, канализација, атмосферска заштита и регулација на речни корита.

– Ова се инвестиции во достоинството на граѓаните и одговорноста кон природата. За првпат инвестираме на толку широк фронт, во сите делови на државата. Граѓаните мора да чувствуваат дека институциите работат за нив и дека промената е видлива, а иднината е вредна, изјави првиот заменик на Претседателот на Владата и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити.

Со овие средства ќе се изградат или реконструираат:

• пречистителни станици,

• фекални и атмосферски канализациони мрежи,

• водоводи и резервоари,

• SCADA и ГИС системи за следење и управување,

• системи за одведување отпадни води и

• урбана опрема за управување со отпад.

Ова е досега најобемната поддршка што Министерството ја реализирало преку капитални дотации до општините, со цел да се подобрат условите за живот, да се спречат поплави, загадување и да се овозможи одржливо планирање во урбаните и руралните средини.

Најнови вести од: Македонија

Љутков го следеше изгрејсонцето на летната долгоденица на Кокино

Особено впечатлив е феноменот на летната долгодневица, кога од точно определена точка на локалитетот изгрејсонцето може да се набљудува низ специфичен карпест процеп, што претставува една од најпрепознатливите особености на Кокино

Бојковска: Доказ за посветеноста на Владата кон европскиот пат е исполнетоста на Реформската агенда

Нашата задача од првиот ден беше да бидеме први во регионот, не само да исполнуваме, туку да докажеме дека Македонија не мора секојпат да потклекнува, не мора секојпат да моли, туку да биде и пример како може да се победува

To top