Македонија

Премиерот во моментов не гледа причина за лидерска средба

Откако Филипче понуди да се сретнат

Премиерот Христијан Мицкоски нема да го повика претседателот на опозициската СДСМ Венко Филипче на нова лидерска средба. Рече дека не гледа потреба од организирање таква средба.

– Често ме канат на лидерски средби. Ние имавме една лидерска средба со господинот Венко Филипче. Доколку има потреба од таква лидерска средба, не гледам зошто не би ја организирале. Но, во моментот не гледам причина зошто би ја организирале таа средба – рече премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање дали ќе ја прифати поканата од Филипче за нова лидерска средба.

Претседателот на СДСМ вчера повика за лидерска средба на која би се детерминирале црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за клучните државни прашања. Тој оцени дека е пораз на Владата тоа што во Европскиот Парламент беше изгласан Извештајот за напредокот на Македонија без термините македонски јазик и идентитет.

– Натпартиски консензус е единствено можно решение за клучните прашања, но за тоа да се направи треба да се седне и да се разговара. Подготвен сум во кој било момент да седнеме да разговараме и да видиме како ќе продолжиме напред. Зошто не прифаќаат средба кога толку повикуваат на национално единство? Јас сум подготвен да ги детерминираме црвените лини и да го продолжиме европскиот пат. Имаме очигледно различни позиции, јасно е тоа и жалам што е така, но треба да почнеме со решавање на проблемите – рече Филипче во гостување на Канал 5.

Според него, проблемот со Бугарија нема да го решиме ни брзо, ни лесно, но прашањето е дали додека го решаваме ќе стагнираме.

Филипче предложи да има референдум за тоа дали сме подготвени да го продолжиме европскиот пат.

Најнови вести од: Македонија

Багери со песок помагаат во затрупување на пожарот во Трубарево, за да не се рашири (ВИДЕО)

На местото се присутни повеќе противпожарни бригади, чии припадници дејствуваат со заштитна опрема и поради горењето на пластични материи со целосна опрема и возила за гаснење.

Драма во Трубарево: пожарот се распламти, Ангелов се сомнева дека е намерно подметнат, уапсен сопственикот на фабриката

„Намерно се подметнати тешки пожари, кои предизвикуваат големо загадување на воздухот во главниот град.“ – изјави директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов.

Меџити: ДУИ, Левица и Арсовска се одговорни за пожарот на Дрисла и согорувањето отпад, штетен за здравјето на луѓето

„Целата Влада и Центарот за управување со кризи се во функција да го изгаснат пожарот на оваа депонија и да преземат мерки час поскоро, за да се избегне катастрофата.“ – посочи ресорниот министер за заштита на животната средина Изет Меџити.

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома со затворени прозорци, а со градоначалникот на Центар Герасимовски се забавува на партиски концерти

„Дрската злоупотреба и обид за политизација на секоја трагедија уште еднаш ја потврдува вистината: некој намерно потпалува политички пожари, за да создаде хаос пред избори!“ – нагласува ВМРО ДПМНЕ.

To top