МНР ќе го повика бугарскиот амбасадор Радуков и ќе биде изразена силна реакција, поради Чамова и нејзината „северномакедонска изјава“!
Министерството за надворешни работи и надворешна трговија на Република Македонија ќе го повика бугарскиот амбасадор Жељаско Радуков како реакција за изјавата на новата шефица на бугарската дипломатија Весислава Петрова Чамова,која вчера во Брисел, во краток разговор со својот македонски колега, го употреби терминот „северномакедонски“.
1 минута за читање
Министерот Муцунски реагираше, нагласувајќи дека користењето на терминот е неточно и несоодветно. – Македонците се Македонци. Ова не е прашање на политика, туку на основно почитување на идентитетот и достоинството на еден народ. Во дипломатијата прецизноста не е формалност, туку одраз на почит – реагираше министерот Муцунски во врска со изјавата на Чамова на социјалните мрежи .
Чамова порача дека „имала добра средба“, на која повторила дека „на Македонија ѝ се потребни уставни измени за продолжување на патот кон ЕУ“.