Насилник со пиштол се шетал низ центарот на Скопје пред да биде фатен од полицијата, објави профилот Патриотско друштво на социјалната мрежа Х поранешен Твитер.
Истиот насилник пред апсењето бил во угостителски објект, каде агресивно се однесувал и носел пиштол на појас. По пријава од газдата, полицијата интервенирала, но тој дал отпор и се обидел да избега кај Градежен факултет. Немал документи ниту сместување во Скопје, пишува во информацијата.
Според видеото насилникот кој дава отпор е совладан од повеќе полицајци кои на македонски јазик му велат да легне на земја.
Истиот мигрант пред апсењето бил во угостителски објект, каде агресивно се однесувал и носел пиштол на појас. По пријава од газдата, полицијата интервенирала, но тој дал отпор и се обидел да избега кај Градежен факултет. Немал документи ниту сместување во Скопје. pic.twitter.com/Pq9QxNGuCc
— Патриотско Друштво (@Patrioticlub) May 15, 2026
Дополнување: Според последните информации се работи за човек кој имал холандски документи.