Македонија

Нормализирано водоснабдувањето во Клиниката за белодробни заболувања кај децата – Козле

Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено

Министерството за здравство информира дека водоснабдувањето во Универзитетската клиника за белодробни заболувања кај децата – Козле е целосно нормализирано.

-Хоспитализацијата на пациентите продолжува непречено, а здравствената установа функционира во целосен капацитет, се наведува во соопштението.

Министерството останува посветено на следење на состојбата и обезбедување континуирана здравствена заштита за најмладите пациенти.

Најнови вести од: Македонија

Сиљановска-Давкова: 11 Октомври е небришлив спомен и вечен завет за чување и развој на татковината

Идеја водилка на востанието пред 85 години, како народен отпор беше вековниот стремеж за слободна македонска држава. Востанието прерасна во Народноослободителна борба, низ која, со крв, саможртва и непоколебливост на знајни и незнајни јунаци, се трасираше патот кон АСНОМ

11 Октомври – симбол на слободата и борбата на македонскиот народ

Ден на кој продолжија слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание кои врвот го достигнуваат со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

To top