Македонија

Коњановски: Направив сообраќаен прекршок и веднаш си ја платив казната

Градоначалникот на Oпштина Битола, Тони Коњановски за објавите на социјалните мрежи , вели дека е точно дека направил сообраќаен прекршок, но дека е лага дека се ставил над законот и казната си ја платил. „Категорично ги демантирам сите објави низ социјалните мрежи со кои се прави кампања против мене и се наведува дека јас сум […]

Градоначалникот на Oпштина Битола, Тони Коњановски за објавите на социјалните мрежи , вели дека е точно дека направил сообраќаен прекршок, но дека е лага дека се ставил над законот и казната си ја платил.
„Категорично ги демантирам сите објави низ социјалните мрежи со кои се прави кампања против мене и се наведува дека јас сум се поставил над законот. Тоа е апсолутно неточно. Пред законот сите граѓани сме еднакви. Да,направив сообраќаен прекршок. Човек сум и јас можам да погрешам. Но, верувам во ред, одговорност и еднаквост пред законот. Токму затоа, казната за сторениот сообраќаен прекршок ја платив веднаш, без двоумење. Секој од нас треба да биде пример, коректор на себе, а потоа и пример за другите. Не се кријам, не се оправдувам и не барам никаква привилегираност. Во животот никој не е безгрешен, но чесноста, праведноста и коректноста, секогаш мора да бидат патиштата по кои ќе избереме да се движиме“, пишува тој на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

11 Октомври – симбол на слободата и борбата на македонскиот народ

Ден на кој продолжија слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание кои врвот го достигнуваат со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

БАЛКАНСКИОТ ЕРУСАЛИМ: Зошто Македонија е европскиот бисер кој мора да се посети

Богата култура, недопрена природа, преубави панорами, гастрономски специјалитети и исклучително гостопримливи луѓе – ова се само дел од адутите со кои Македонија се етаблира како задолжителна европска дестинација за светските патници

To top