Македонија

Бериша: Точната адреса за студентските протести е пред седиштето на ДУИ во тетовска Мала Речица!

„Точната адреса на протестот за полагање на правосудниот испит е Мала Речица, кај Тетово, протестите на погрешна адреса не ја постигнуваат целта! Да, студентите денес апсолутно имаат право да протестираат, но не и политичарите, кои не ја почитуваа и ја спречуваа демократијата!“ – реагира остро политичкиот аналитичар и новинар во Албанската редакција на Македонската Радио и Телевизија Ејуп Бериша во врска со денешниот протест на студентите-Албанци во Скопје.

Натаму Бериша истакнува: Протестите се многу демократски акти или дејства на граѓаните, но поединци кои беа и се и натаму против демократијата, немаат право да учествуваат во нив. Тука зборувам за некои политичари од поранешната влада, кои спроведоа антидемократски политички дејствија во оваа земја. Овие луѓе беа и се заколнати противници на демократијата. Истите ја суспендираа демократијата додека беа на власт, а сега наводно се обидуваат да му дадат значење на правото на протест. Па сега ни зборуваат за учество во протести како демократски чин.

Ова е како нарушувач на јавниот ред и мир, кој постојано зборува за важноста на почитувањето, или зачувувањето на јавниот ред и мир!. Поранешните политичари на власт, кога беа на власт, безмилосно и насилно потиснуваа демократски протести преку изрекување драконски казни од страна на судовите против учесниците.  А денес истите тие се поддржувачи на студентските протести. Студентите, кои имаат чисти патриотски и национални убедувања, денес имаат целосно право да протестираат, но оние политичари кои немале и немаат вакви убедувања,  немаат право да стојат рамо до рамо со овие студенти денес. Ваквите политичари имаат и други сомнителни цели.

Колумнистот вели дека има порака за ваквите политичари: Дозволете им на младите студенти да протестираат на свој начин. Тие се мудри, интелигентни и се образуваат, протестираат со достоинство и одговорност. А вие немате ниту една од овие карактеристики или доблести. Не се сомневам дека студентите излегуваат да протестираат за доброто на нацијата и земјата, а многу се сомневам во вас. Знам дека сте таму за да ги прикриете злоделата од вашите повеќе од две децении додека бевте на власт. Вие како вакви политичари најдобро е да се држите што подалеку од овој протест, бидејќи вашето учество ја обезвреднува не само целта, туку и демократскиот карактер на студентскиот протест, завршува Ејуп Бериша во својата колумна во врска со денешните протести на студентите-Албанци во Скопје.

Најнови вести од: Македонија

Пенков: Економскиот раст на државата ќе продолжи со новиот ребаланс

Златко Пенков, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисија за финансирање и буџет посочи дека преку ребалансот ќе се реализираат капитални проекти кој ќе придонесат за развој и напредок на државата. „Правилното насочување на парите во капитални проекти е основата за растот на бруто домашниот производ“, рече Пенков.

Во Собранието утре повторен обид за договор за Изборниот закон

Во Собранието утре повторно ќе се одржи средба на координаторите и претставниците на пратеничките групи за измените на Изборниот законик. Ако биде постигната согласност во Парламентот за Изборниот закон, тогаш СДСМ и Левица ќе ги повлечат амандманите и процесот ќе се одблокира. Измените и дополнувањата на Изборниот законик е последната од десетте точки во грејс периодот за Македонија во контекст на реформските процеси.

Ристески: Се реализираат над 1200 проекти во сите општини: за автопатишта, училишта, болници и градинки

Петар Ристески пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ на денешната седница на Комисијата за финансирање и буџет истакна дека ребалансот го отсликува одговорното домаќинско и стратешко управување со државната каса.

Љутков: Македонскиот јазик не е политичко прашање, туку национална вредност – Целта е да добие институционална заштита

Министерот за култура и туризам Зоран Љутков денеска во Собранието, на Надзорната расправа „Нефункционална и недоследна примена на одредбите од Законот за употребата на македонскиот јазик“ истакна дека спроведувањето на овој закон е обврска на сите институции и оти неговата доследна примена не смее да биде предмет на дневнополитички пресметки.

„Реплек“ со засилен раст на домашниот пазар од 24% во првото полугодие од 2026 година

Со континуиран раст на продажбата на домашниот пазар и натамошно зајакнување на својата позиција во Македонија, „Реплек АД Скопје“ во првите шест месеци од 2026 година оствари вкупни приходи од продажба во сегментот фармација од 13,9 милиони евра.

To top