Македонија

Каја Шуковска кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата, којшто заседавал денеска. За кандидат за градоначалник на Скопје ја најави потпретседателката на СДСМ Каја Шукова.

-За кандидат за Општина Битола – претседателот на Општинската организација Методија Куновски, во Валандово актуелниот градоначалник Перо Костадинов, во Виница претседателот на Општинската организација Гоце Милевски, во Зрновци претседателот на ОО Ванчо Митев, во Кавадарци регионалниот партиски координатор Виктор Велевски, рече Филипче на прес-конференцијата.

-Во Општина Маврово Ростуше кандидат ќе биде Анес Ахмети, во Општина Ново село Петар Спасов, во Петровец Елизабета Зелениковска, во Прилеп претседателката на ОО Петра Лукаровска, во Радовиш партискиот претседател Ристо Спасов, во Свети Николе Дејан Гичев, во Општина Чашка актуелниот градоначалник Горан Стојановски, во Општина Брвеница Светлана Митревска Анџелковска, рече Филипче. 

 

Најнови вести од: Македонија

11 Октомври – симбол на слободата и борбата на македонскиот народ

Ден на кој продолжија слободарските традиции на македонскиот народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, Кресненското и во Илинденското востание кои врвот го достигнуваат со одлуките на Првото заседание на АСНОМ во 1944 година.

БАЛКАНСКИОТ ЕРУСАЛИМ: Зошто Македонија е европскиот бисер кој мора да се посети

Богата култура, недопрена природа, преубави панорами, гастрономски специјалитети и исклучително гостопримливи луѓе – ова се само дел од адутите со кои Македонија се етаблира како задолжителна европска дестинација за светските патници

To top