Македонија

Кошта: Иднината на Македонија е во Европската Унија

Европската унија има разбирање колку досега има направено Македонија, но тоа што е договорено е договорено. Доста ние како држава направивме за тие европски интеграции, патот е фрустрирачки, а уште не ни почнат. Престедателот на Европскиот Совет, Кошта и премиерот Мицкоски се согласни дека местото на Македонија е во ЕУ, но двајцата имаа различен пристап […]

Европската унија има разбирање колку досега има направено Македонија, но тоа што е договорено е договорено. Доста ние како држава направивме за тие европски интеграции, патот е фрустрирачки, а уште не ни почнат. Престедателот на Европскиот Совет, Кошта и премиерот Мицкоски се согласни дека местото на Македонија е во ЕУ, но двајцата имаа различен пристап како да се стигне до таму. Според Кошта, Унијата разбира дека Македонија направила многу – променила знаме, име, го менувала неколку пати Уставот, и за тоа постои разбирање, посебно кога сега се бараат гаранции дека уставните измени ќе бидат последниот услов. Но тоа што било договорено во 2022 година треба да се испорача. Не треба да го потценуваме планот А и мора да се фокусираме на неговото исполнување. Знаеме какви се Копенхашките критериуми,  заклучоците на Европскиот совет и што е договорено, мора да го испорачаме тоа. Сфаќам кога премиерот вели дека веќе е променето знамето, името на државата, направени се уставни измени и дека треба да бидеме сигурни дека нема да дојде некој и да бара нешто ново од претходно договореното, рече Кошта. Според премиерот Мицкоски, тоа што го потпишала предходната влада на СДСМ и ДУИ во 2022 година е направено со суспендирање на парламентот, а оваа влада тоа не може да го прифати без да се види добра воља и пред Бугарија да почне да ги исполнува своите услови од договорот. Според него, процесот е двонасочна улица, и ако едната страна континуирано испорачува, а другата не, тогаш тоа нема цел. Никој нема проблем во земјава да ги ставиме Хрватите, Словенците во Уставот, дури и Португалци и Шпанци, ние немаме пролем со луѓето. Но во овој случај имаме проблем, ако едната страна постојано прави отстапки, а другата не, не може да се оди напред. Очекуваме ова да е двонасочна улица, ние нправивме многу отстапки, за сите патот е тежок, но за нас е најтежок. Оваа порака ја слушаме долго време и ќе продолжиме да ја слушаме, го имаме истиот став. Никогаш нема да го прифатам то што го потпиша претходната влада, не можам да излезам пред граѓаните и да им кажам дека уставот ќе биде семет, а Бугарија да не ги имплементира пресудите на Европскиот суд. Кога ќе имаме чиста позиција од ЕУ и од сите членки во врска со идентитетот и јазикот тогаш ќе разговараме за се. Дали некој се прашува зошто Македонците не се бунат за Хрватите и Словенците да влзат во уставот, имаат проблем само со внесувањето на Бугарите, рече Мицкоски. Спред високиот европски гостин, Владата во поглед на рефрмската агенда постигнала голем напредок, со што уште еднаш докажала дека иднината на Македонија е во блокот. Кошта се сретна и со претседателката Гордана Сиљановска Давкова Во петок во Тирана, Кошта ќе биде кодомаќин на шестиот самит на Европската политичка заедница (ЕПЗ). Самитот на кој ќе присуствува и премиерот Мицкоски ќе се фокусира на безбедноста и иднината на Европа.
 

Најнови вести од: Македонија

„Граматиката“ на Блаже Конески од 1952 – силен научен противудар кон бугарско-грчките негирања на македонскиот јазик!

„Корените на нашиот денешен литературен јазик се впиваат во наследството на писменоста, што од векови наваму носи во Македонија самобитно јазично обележје.“ – има напишано, покрај другото, еден од архитектите на македонскиот национален идентитет и на македонскиот јазик Блаже Конески во уводот на својата „Граматика на македонскиот литературен јазик“, објавена на денешен ден, на 13 октомври 1952 година. Издавањето на ова дело е еден од најзначајните датуми не само во јазичната, туку и националната историја на македонскиот народ. Најголемиот пораз за негаторите на мајчиниот јазик на Македонците е фактот што „Граматиката“ веднаш добива меѓународен легитимитет од најугледните светски лингвистички умови и од светските славистички центри: таа е веднаш прифатена од водечките слависти во Франција (Андре Вајан), Русија, Германија и САД. Речиси истовремено со Конески американскиот професор од Универзитетот Харвард Хорас Лант ја објавува својата прва македонска граматика на англиски јазик .Светската наука уште во 50-тите години од минатиот век ја затвори расправата, која денес сѐ посилно, но и сѐ почајно особено Грција и Бугарија се обидуваат повторно да ја отворат со политички фалсификати.

To top