Додека албанските медиуми пишуваат за негово враќање во Албанија а македонското МНР упати вербална нота за неговото дејствување во Македонија екс претседателот Стево Пендаровски го поканил албанскиот амбасдор Денион Мејдани на предавање во Американ Колеџ.
,,Ми беше задоволство денес да разговарам со студентите на Универзитетот Американ колеџ во Скопје за европската интеграција, дипломатијата и демократските предизвици на Западен Балкан. 🇦🇱🇲🇰🇪🇺
На покана на поранешниот претседател Стево Пендаровски и ректорот на универзитетот, Венера Крлиу, одржавме отворена дискусија за европската иднина на регионот и предизвиците што го придружуваат ова патување. 🤝
Дискусијата со студентите уште еднаш покажа дека младата генерација во нашиот регион бара повеќе од политичка реторика. Таа бара функционални институции, европски стандарди, меритократија и иднина изградена врз доверба, еднаквост и реални можности”, објавил амбасадорот кој изразува благодарност до студентите, професорите и организаторите за гостопримството, интелигентните прашања и отворената дискусија за европската иднина на нашиот регион. ✨
Предходно албанската телевизија „А2“, повикувајќи се на извори од Скопје и од албанското Министерство за надворешни работи објави дека Амбасадорот на Албанија во земјава, Денион Мејдани, би можел предвреме да ја заврши својата дипломатска мисија во Скопје и да биде отповикан.
Влен и владата во Скопје негираа дека од Македонија било побарано Мејдани предвреме да се врати дома.