Македонија

Средба Филипче-Мејдани за „политичката одговорност и потребата од зрелост и визија во предизвикувачките времиња за регионот“

„Амбасадорот на Република Албанија во Скопје, Денион Мејдани оствари вчера средба со претседателот на СДСМ Венко Филипче, во просториите на Албанската амбасада. Фокусот на разговорот беше на дијалогот насочен кон иднината, со посебна нагласка на политичката одговорност и потребата од зрелост и визија во предизвикувачките времиња за регионот.“ – објави информативниот портал на албански јазик „Алмакос“. Веста е заснована врз објавата на албанскиот амбасадор преку фејсбук. За оваа средба вчера не соопштија ништо ниту СДСМ на својата интернет-страница, ниту неговиот лидер Филипче на својот фејсбук-профил.



Во веста порталот дополнува: Преку фејсбук амбасадорот Мејдани објави дека средбата се одржала во „отворена и конструктивна атмосфера“, оти разговарале за „актуелните политички случувања во земјата, регионалните предизвици и економската состојба“, но и за „важноста на регионалната и европската интеграција како клучни чинители за стабилност и напредок“.

Најнови вести од: Македонија

ЕВН Македонија го започна проектот „PULSE“ за јакнење на улогата на жените во енергетската транзиција

Со овој проект, ЕВН Македонија уште еднаш ја потврдува својата заложба да биде активен чинител на позитивни промени, градејќи енергетски сектор во кој еднаквоста е темел за одржлива иднина

„Цементарница Усје“ не е главната причина за загадувањето во Скопје, тврди менаџментот на фабриката

Цементара Усје не е причина за загадениот воздух во Скопје. Компанијата работи по сите стандарди и ги почитува законите, затоа не гледаме причина за дислокација. Вака техничкиот директор на Цементара „ТИТАН Усје“, Гоце Цветковски одговори на новинарско прашање, прашан за тоа како компанијата гледа на обвинувањата од страна на граѓаните дека се најголем загадувач на воздухот во Скопје но и на барањата за дислокација.

To top