Хроника

Битолчанецот Н.З. (51) „заработи“ кривична пријава, бидејќи на туѓи плацеви си направил дивоградба – куќа со деловни и станбени простории!

СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.З.(51) од Битола, товарејќи го за „бесправно градење“ и „узурпација на недвижности“.

Од почетокот на 2025 до февруари 2026 на катастарски парцели во сопственост на државата и на трети лица битолчанецот изградил куќа со деловни и станбени простории, без претходно одобрение за градба.

Најнови вести од: Хроника

To top