Македонија

Нема никакви проблеми во авиосообраќајот, велат од М-НАВ

Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација,  информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација. М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит. 

М-НАВ категорично ги демантираше наводите објавени во дел од медиумите за наводен сериозен технички дефект на главната радио-станица на Солунска Глава, тврдејќи дека авиосообраќајот во државата се одвива нормално и без никакви потешкотии. Од претпријатието информираат дека сите системи за навигација функционираат согласно меѓународните процедури и дека нема никакво загрозување на безбедноста на воздушниот сообраќај.

„Ве известуваме дека информациите кои излегоа во јавноста за потешкотии во авиосообраќајот се целосно неточни и во целост ги отфрламе. Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација. Во М-НАВ сите критични системи се дуплицирани и не постои никаква опасност од наводно загрозување на безбедноста на авиосообраќајот“, се наведува во реакцијата.

Од М-НАВ дополнително ги отфрлаат и наводите за проблеми со VHF комуникацијата со пилотите, објаснувајќи дека комуникацијата се одвива преку воспоставени и функционални точки.

  • „Во однос на дезинформацијата за немање безбедна VHF комуникација со пилотите сакаме да ја известиме јавноста дека во овој момент се користи Солунска Глава како примарна точка од каде се комуницира со пилотите“, додаваат од институцијата.

Оттаму посочуваат дека објавите во дел од медиумите претставуваат дезинформации со политичка позадина и обид за личен бенефит на поединци.

  • „Дезинформациите се дневополитички на поединци кои сакаат да постигнат одредена цел за личен бенефит, а притоа инволвирајќи го М-НАВ во тоа“, велат од компанијата.

Реакцијата доаѓа по објавите во дел од медиумите дека наводно дошло до технички дефект на главната радио-станица на Солунска Глава, што, според тие информации, предизвикало рестрикции и затворање на дел од воздушните патишта на пониски височини во македонскиот воздушен простор. Во тие медиумски објави се наведуваше дека контролата на летање во Скопје се соочила со проблеми во комуникациската опрема, како и дека биле воведени ограничувања во одредени воздушни рути, особено во јужниот и југозападниот дел од државата.

Дополнително, беше пренесено дека поради наводниот дефект биле засегнати и операциите на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, како и користењето на одредени навигациски рути и зони. М-НАВ, сепак, целосно ги отфрла ваквите тврдења, инсистирајќи дека системите се стабилни, функционални и дека воздушниот сообраќај се одвива безбедно и непречено.

Најнови вести од: Македонија

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па затоа покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Најнови вести

To top