Македонија

Димитриевски: Нема да поддржиме уставни измени под диктат

Димитриевски заклучи дека ЗНАМ останува посветено на градење стабилна држава, силни институции и политики во интерес на граѓаните.

Претседателот на Движењето ЗНАМ – за Наша Македонија, Максим Димитриевски, оцени дека СДСМ продолжува со старата тактика на политички спинови, обиди за дефокус и конструкции насочени кон дискредитација на конкурентите, наместо да се соочи со сопствените внатрешни проблеми.

Во интервју за неделникот „Фокус“, Димитриевски вели дека приказните за наводно незадоволни или маргинализирани членови на ЗНАМ се дел од „старата матрица на политичкиот спин“.

„Сите овие приказни што периодично се пуштаат во јавноста се дел од обидот на СДСМ да ги рефокусира своите внатрешни проблеми кон другите партии“, истакна тој.

Тој потенцира дека ЗНАМ останува стабилен и автентичен политички субјект со јасна визија и црвени линии, кој не функционира како привезок на ничија политика.

За уставните измени

Димитриевски повтори дека ЗНАМ нема да поддржи отворање на Уставот под диктат и постојани нови условувања.

„Ако воопшто се отвора Уставот, тоа мора да биде резултат на јасен внатрешен консензус и реални, проверливи гаранции за националните и државните интереси и врз база на реципроцитет. Без тоа, секое инсистирање е само продолжување на политичка несигурност“, нагласи претседателот на ЗНАМ.

Тој додаде дека пратениците на ЗНАМ ќе одлучуваат исклучиво според националниот интерес, Уставот и програмските принципи на движењето, без калкулации и политички притисоци.

Димитриевски заклучи дека ЗНАМ останува посветено на градење стабилна држава, силни институции и политики во интерес на граѓаните.

Најнови вести од: Македонија

Предлог упатство за однесување со политички позери без перспектива

Некогаш силната, а сега испустена опозициска партија ги урива сите мостови меѓу себе и гласачкото тело. Уште полошо, меѓу себе и реалноста. Раководствто на СДСМ одбива да го види она што се гледа од вселената, дека ужасно длабоко е потонато во безидејност, некадарност, политичка недугавост, автодеструктивен инает кој полека се отелотврува во соголено национално предавство

Реакција на Групата „12:05“: Филипче е во паника, зашто се одмотува клопчето и излегува на виделина највалканиот политички дил од независноста до денес!

Во врска со денешната прес конференција на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, Организаторите на „Разговори за иднината во 12:05“ се огласија во јавноста со писмена реакција, во која му порачуваат на Филипче дека е „дефинитивно заскитан во СДСМ“.

Венко губи (само)контрола и затоа на сопартијците им се закани со „Ќе ве згазам како шлепер жаба“?!

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на прес-конференција во Собранието, упати порака до членовите на Платоформата ЗНАМ 2.0 или да помогнат, да се вклучат во партиските активности или да се тргнат од патот. „Тие што ќе ја погребаа партијата нека не држат лекции: или нека помогнат, или нека ми се тргнат од патот!“

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па затоа покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Најнови вести

To top