Спорт

Вардар потпиша со првиот стрелец на Луксембург во историјата

Жерсон Родригеш, кој има 23 гола во 72 меча за Големото војводство, е првиот Луксембуржанец што играл во групната фаза од ЛШ

Жерсон Родригеш Кореја Леал е првото засилување за македонскиот фудбалски шампион Вардар, кој со најефикасниот фудбалер на репрезентацијата на Луксембург во историјата потпиша договор на една сезона, поточно до 14 јуни 2027 година, со можност за продолжување.

Триесетгодишниот центарфор роден во португалски Прагал, има постигнато 23 гола во 72 настапи за Големото војводство од 2017 до 2025 година, а меѓу „црвено-црните“ доаѓа од тајландски Канчанабури.

Родригеш е првиот Луксембуржанец што настапил во групната фаза од Лигата на шампионите како играч на Динамо Киев, а има настапувано и за Шериф Тираспол од Молдавија, Анкарагучу и Сибаспор од Турција, Џубило Ивата од Јапонија, Трој од Франција итн.

Најнови вести од: Спорт

Рекордни 15 илјади и 50 тркачи од 63 држави на „Виз ер“ Скопскиот маратон!

Главниот град на Република Македонија денеска повторно пулсираше во ритамот на трчањето. На 22. издание на Виз Ер Скопскиот маратон, рекордни 15.050 тркачи од 63 земји ги исполнија улиците на градот, а долж патеката ги следеше публика од сите генерации, која со аплаузи и бодрење беше со нив од првите метри до целта. Сонцето, насмевките и доброто расположение го претворија денот во вистинска прослава на трчањето, со Скопје во центарот на една голема спортска приказна.

To top