Свет

Експлозија во фабрика за огномети (ВИДЕО)

Портпарол на Одделот за цивилна заштита потврди дека инцидентот се случил во фабрика за огномети

Силна експлозија, проследена со серија помали детонации, рано утрово го потресе подрачјето Магтаб, во Малта, откако експлодира фабриката за пиротехнички средства „Та Лурдес“.

Двајца мажи што работеле на ниви во близина биле полесно повредени од остатоци од експлозијата и биле пренесени во болница, каде што требало да бидат третирани и поради претрпен шок. Мажите се на возраст од 67 и 47 години и двајцата се од Сент Полс Беј.

Експлозијата се слушна околу 6.25 часот, а жители од повеќе места пријавиле дека нивните домови се затресле од силината на ударот.

Најнови вести од: Свет

Израелската војска го зазеде стратешкиот замок Бофор во Либан: Хезболах ветува жесток отпор

Израелската армија соопшти дека ја презела контролата врз стратешки важниот замок Бофор во јужен Либан, што претставува најдлабок воен продор на либанска територија во изминатите 25 години.

To top