Македонија

Муцунски: Кристално јасно е дека уставните измени не се единственото барање на Бугарија

Бугарија како држава има очекувања поврзани со идентитетски прашања, заклучи шефот на македонската дипломатија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Македонија, Тимчо Муцунски, смета дека впишување Бугари во македонскиот устав не е единственото барање на Бугарија.

„Тоа што не ми дава голем оптимизам во овој момент е начинот на кој актуелната бугарска влада се поставува кон нас како држава на самиот почеток од мандатот. Тоа што е кристално јасно е дека уставните измени не се единственото барање на Бугарија. Има многу елементи кои тие ги гледаат како значаен дел од нашиот евроинтегративен процес, за кои ние сметаме дека нема потреба да се дискутира во ова време во кое живееме“, изјави Муцунски за ТВ Сител.

„Бугарија од нас како држава има очекувања кои не се поврзани единствено со уставните измени, туку се поврзани со идентитетски прашања, како јазикот, историјата и културата. Да, бугарската страна, за разлика од сите други земји-членки и сите европски институции, смета дека договорот од 2022 година е многу повеќе од само уставни измени – тоа е реалност со која се соочуваме и за која треба да најдеме решение“, додаде шефот на македонската дипломатија.

„Ако решението значи само почеток без извесност за крај, а знаејќи дека во меѓувреме Софија е многу конкретна во своите барања за национални отстапки, тогаш нема логика да тргнеме по пат кој е неизвесен, по кој цената ќе биде нови национални отстапки без никакви гаранции“, заклучи Муцунски.

Најнови вести од: Македонија

Мицевски: Дали Филипче е уценет, па покажува толкава нервоза околу Бугарија и го навредува Мицкоски со „идиот“?!

Координаторот на пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ во Собранието на Република Македонија Никола Мицевски реагираше остро во врска со скандалозната изјава на лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, кој упати тешки навреди во говор на омраза кон македонскиот премиер и лидер на владеjачката ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски

Клековски: Неразбирливо е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на „Мој термин“!

Неразбирливо ми е зошто речиси 18 месеци нема договор за одржување на електронскиот систем за закажување термини „МојТермин“. Веќе побарав од нашите служби да подготват јавен повик за две години, бидејќи сметам дека едногодишните договори не го обезбедуваат континуитетот што ни е неопходен за да ги направиме промените, истакна денеска министерот за здравство Сашо Клековски.

Веро Центар домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026

Веро Центар на 3 и 4 октомври 2026 година ќе биде домаќин на Интернационалниот гастро фестивал „ИНТЕРФЕСТФУД 2026“, дводневна манифестација посветена на гастрономијата, традиционалната кујна, кулинарските вештини, едукацијата и хуманоста

Проф. Митко Панов: Со политички „гест“, останките на Самоил не смеат да станат историски аргумент

Политичкото и црковното средиште на Самуиловата држава било во Охрид и Преспа, а таа се формирала и развивала независно од ликвидираната бугарска држава и црква во 971 година“, вели македонскиот историчар и византолог

To top