Македонија

Тошковски, Рокас и Григоријан на граничниот премин „Маркова Нога“

Отворањето на граничниот премин ќе донесе нови можности за развој, поврзаност и соработка

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска, заедно со амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас и постојаниот претставник на програмата за развој на Обединетите нации (УНПД) Армен Григоријан, извршија увид во активностите за воспоставување на граничниот премин „Маркова Нога“, каде во тек е реализацијата на проектот „Гранична станица Преспанско Езеро: Воспоставување на граничен премин меѓу Грција и Македонија во областа на Преспанското Езеро“.

(Фото): Реализирани 60% од новиот граничен премин „Маркова Нога – Лемос“

При посетата беше констатиран напредокот на активностите за реконструкција и опремување на граничната полициска станица, кои се реализираат во рамки на ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Македонија 2021-2027“, со финансиска поддршка од Европската Унија.

Министерот Тошковски истакна дека Министерството за внатрешни работи целосно ги става на располагање своите институционални капацитети за успешна реализација на проектот, кој претставува значаен чекор кон зајакнување на регионалната поврзаност и продлабочување на прекуграничната соработка.

„Овој проект, кој се реализира со поддршка на Европската Унија, е стратешки приоритет за Министерството за внатрешни работи во насока на зајакнување на регионалната поврзаност, продлабочување на прекуграничната соработка и поддршка на европските интегративни процеси. Отворањето на овој граничен премин претставува значаен чекор во насока на јакнење на капацитетите за гранична безбедност и контрола, преку воспоставување на современи и ефикасни механизми за надзор и управување со границата во согласност со европските стандарди“, истакна министерот Тошковски.

На средбата беше нагласено дека отворањето на граничниот премин „Маркова Нога“ ќе придонесе за интензивирање на економската, туристичката и културната соработка меѓу двете држави, како и за подобрување на комуникацијата и секојдневната поврзаност на локалното население од двете страни на границата.

Соговорниците оценија дека проектот има особено значење за развојот на Преспанскиот регион и претставува конкретен пример за успешна европска поддршка во унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка.

Воспоставувањето на граничниот премин „Маркова Нога“, по повеќе децении од неговото затворање, претставува важен симбол на доверба, соработка и заедничка визија за поврзан и просперитетен регион, во согласност со европските вредности и стандарди.

Најнови вести од: Македонија

МНР: Нема отстапки од националните интереси, јазикот, идентитетот и историјата! – СДСМ шири хистерија и ја дезинформира јавноста!

Денешната прес-конференција на СДСМ е уште еден обид за создавање хистерија и дезинформирање на јавноста. Наместо да понесе одговорност и да се извини за штетата што ја нанесе врз националните и надворешнополитичките позиции на државата, СДСМ повторно пласира груби невистини и конструкции. Тврдењата за постоење таен договор или тајни преговори се само уште една во низата измислици што СДСМ ѝ ги пласира на јавноста, реагираат од МНР.

„Иновативни“ злоупотреби во македонското земјоделство и сточарство: се пријавуваат за субвенции со ушни маркички од угината стока!

Невозможни количества на тутун, нереални количества млеко, изнајмување земјоделски површини, се само дел од злоупотребите кои се прават за да се добијат субвенции, открива министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Борче Серафимовски во интервју за МИА.

Ковачки: Измеќарите без исправен грбник, кои со децении ја влечеа државата во кал, денес сами се препознаа како талог

Никој не ги спомна со име, ама сами си се препознаа како „талогот”. Истите што немаат ниту еден ден работен стаж надвор од „успешните” политички кариери. Истите што со децении ги влечат државата и општеството во кал, затоа што во кал единствено и знаат да пливаат, пишува на фејсбук генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки.

To top