Македонија

(Фото): Реализирани 60% од новиот граничен премин „Маркова Нога – Лемос“

Активностите од грчката страна за изградба на граничниот премин Маркова Нога-Лемос во Преспа се планира да се завршат до февруари 2028. Сепак, ќе видиме како ќе напредува тоа, ова е Балкан, рече евроамбасадорот Михаилс Рокас. Тој заедно со високи државни функционери и претставници на Програма за развој на Обединетите нации (УНДП), ја посетија Преспа по повод Светскиот ден на животната средина. Тиеизвршија и увид врз градежните работи за реконструкција и пуштање во употреба на преминот кај Маркова Нога на македонскиот дел од границата.

Граничниот премин „Маркова Нога – Лемос“ претставува стратешки проект за регионот на Преспа, но и за целиот Балкан, истакна министерот за внатрешни работи Панче Тошковски при денешниот увид во градежните работи на македонско-грчката граница. Тошковски нагласи дека Преспа е една од најубавите микролокации во Европа, додавајќи дека проектот има значајна вредност за двете пријателски држави.

  • Преспа заслужува сите да вложиме максимум во рамките на нашите капацитети, затоа што ова е стратешки проект кој ќе даде додадена вредност од повеќе аспекти – за Преспа, но и за нашите две пријателски држави – изјави Тошковски.

Според најавите, изградбата на граничниот премин од македонска страна треба да биде завршена во септември оваа година, додека целосното завршување на целиот проект е планирано за 2028 година.

Евроамбасадорот Михалис Рокас истакна дека регионот на Преспа е од исклучителна важност и дека проектот има и еколошка димензија, бидејќи придонесува за заштита на природните богатства и зајакнување на соработката меѓу двете држави.

  • Активностите од другата страна треба да завршат во февруари 2028 година. Проектот веќе е реализиран околу 60 проценти и работите се движат кон завршна фаза – посочи Рокас.

Постојаниот претставник на УНДП во земјата, Армен Григорјан, истакна дека Преспанското Езеро е уникатна природна вредност и дека е значајно што Светскиот ден на екологијата се одбележува токму во овој регион. Граничниот премин „Маркова Нога – Лемос“ ќе има сообраќајница долга околу 350 метри со четири сообраќајни ленти, придружни објекти и модерни стандарди за меѓународен граничен премин.

Најнови вести од: Македонија

Убава вест: Крај за договорите на дело во државните институции – работниците ќе добијат вработување на неопределено време

Лицата ангажирани со договор на дело и други видови договори во дел од јавниот сектор ќе добијат можност за вработување на неопределено време, со законско решение што предвидува фазна трансформација на нивните ангажмани.

„Н.М.“: За Македонија отворањето на Уставот не смее да биде приоритет! – Во овој опасен геополитички момент по диктат на Бугарија тоа е самоубиствено!

„Сега во овој опасен геополитички момент отворање прашања по диктат на Бугарија е опасно и самоубиствено. Приоритет треба да се внатрешните реформи, зајакнување на демократските капацитети на државата и создавање широк консензус за стратегиските прашања, за националниот интерес.“ – се нагласува во анализата со наслов „Проширувањето може да предизвика геополитички расцеп во Европа – каде тогаш ќе се (с)најде Македонија“, која е објавена во весникот „Нова Македонија“.

(Фото): Општина Карпош и Град Скопје во заедничка инспекциска акција

Во текот на акцијата се вршеа целосни и детални контроли во рамки на надлежностите на инспекциските служби. Во одредени случаи, беше побарана и теренска придружба од униформирани полициски службеници од ПС Карпош.

To top