Македонија

Беше на смртна постела но Боки 13 во стилот на Орфеј и на Распучин се врати во полна сила

Канал 5 ја прозива лекарската комисија која дозволи Боки 13 да излезе во затвор за да тера шоу бизнис

Канал 5 во козерија ги коментира сите настани со кои во јавноста се фали Бојан Јовановски алијас Боки 13.

Јовановски беше осуден на долгогодишна казна затвор за криминал но со проценка на лекари беше ослободен од лежење затвор со образложение дека неговата здравствена состојба е лоша.

Иако болен Боки 13 објавува фотографии од низа активности во повеќе земји каде што настапува.

Според Канал 5 последните активности на Боки 13 се уште еден доказ дека: Македонија е земја на чудата!

Болниот Боки 13 кој сега бил во Солун е поактивен од многи здрави луѓе.

,,Иако беше на работ на смртна постела, Боки 13 во стилот на Орфеј и на Распучин а со помош на некој митски талисман и античката магија ни се врати во полна животна сила па еве сега неʼ “претставува” нас, Македонците во Солун.
Грци, чувајте тоа Луј Витон чантите, а вие од лекарската комисијата која “злокобно” му ја оценивте здравствената состојба – не е лошо да го прашате Боки каков амулет користил за да ги разбие вашите “баксузи””, пишува Канал 5 објаснувајќи дека текстот е сарказам на актуелните блескави здравствени моменти на нашата чудесна Македонија.

Преку објавата и хаштазите на објавата #македонија #чудо #амулет #комисија Канал 5 директно ја прозива лекарската комисија која дала оценка дека Боки 13 не треба да биде во затвор заради здравствена состојба а јавноста го гледа во низа активности каде тој е поактивен од огромен број други луѓе.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top