Македонија

Зошто обвинителката Стефанова лаже дека не постапувала во предметот за ,,Рекет 2″ кога има сведок за нејзино учество

Главчев засега молчи за другите поврзани со случајот меѓу кои е и познат скопски адвокат кој има блиска роднина во судот а преходно имал блиски односи со Боки 13

Чудно однесување на контроверзната обвинителка Лиле Стефанова која според пријавител на криминал лаже дека не постапувала во предметот за ,,Рекет 2″.

Дека Стефанова лаже докажува сведок кој е жртва на случај на рекет каде има нејзино учество како обвинител.

Бизнисменот Томислав Главчев во изјава за МКД не може да разбере зошто Стефанова лаже кога тој лично се соочил со неа како обвинителка која постапувала во неговиот предмет, барала притвор а потоа и се жалела откако Главчев не добил притвор.

„Пред повеќе од 2 месеци поднесов кривична пријава за рекетирање и за измислување на докази против мене за случајот ‘Поштенска банка’. На 13 октомври 2018 година во сабота во 5 часот наутро бев приведен, за потоа, истиот ден во 20 часот да бидам спроведен во суд каде дојде обвинителката Лиле Стефанова со куп документи. Гледам има некоја изјава дека не постапувала воопшто по предмет во кој сум бил јас, но тоа е лага, бидејќи кога се одлучуваше за притворот против мене таа беше таму и таа постапуваше. Барањето за притвор беше отфрлено, а по ова обвинителката поднесе жалба која исто така беше отфрлена. Самите судии кои требаше да постапуваат во ‘Поштенска банка’ бараа изземање, а кога тоа им беше отфрлено кажаа дека ќе го водат предметот бидејќи мораат“, вели во изјавата бизнисменот Главчев, вели Главчев за МКД.мк.

Главчев засега молчи за другите инволвирани во случајот од кои еден е Боки 13 а друг е познат скопски адвокат кој има блиска роднина во судот а преходно имал блиски односи со Боки 13.

Повеќе на овој ЛИНК

За случајот се споменуваат и аудио фајлови кои наводно ги имаат луѓе поврзани со аферата но не се знае дали ги снимале тие што бараат рекет или други лица

Повеќе за аудио фајловите на овој ЛИНК

Најнови вести од: Македонија

Почина Волф Ошлис, амбасадорот на македонската кауза: Ако Европа ја изгуби Македонија, ќе се изгуби и себеси!

На 30 август 2026 година германските научни платформи објавија потврдена вест, која е повеќе од тажна за македонскиот народ и Република Македонија: уште на 18 август 2026 година почина професор доктор Волф Ошлис, германскиот и европски македонист со непроценливо значење на неговиот политичко-јазичен македонистички ангажман за македонскиот народ и јазик, за одбраната на националната, идентитетска, јазична, културна и историска засебност и самобитност на Македонците наспроти сите нивни негирања како народ. Неговата реченица: „Нема ништо полесно отколку да бидеш пријател на Македонија. Јас сум тоа од 1975 година…“ ја одразува неговата длабока професионална, но и лична, чувствена врска со македонската кауза, со Македонците и Македонија

Легендарниот македонски војвода Александар Турунџе пред да си стави јамка на вратот на 30.8.1905: Македонија ќе биде слободна!

„Личната трагедија на македонскиот револуционер, ајдутин, четник и војвода Александар Турунџев, кој е предаден на турските власти за 150 златници од свој сонародник, по што бил обесен на Ат-Пазар во Битола на 30 август 1905 година, освен што е симбол на она што многу често провејува низ македонската историја – предавството, многу повеќе е национален херој и симбол на борбата за слобода на македонскиот народ.Погубувањето на Турунџев се одвивало пред бројни сведоци, меѓу кои и неговата сопруга и нивните две малолетни деца, ќерка и син, кои биле принудени немо да го гледаат испуштањето на последниот здив на својот татко.“ – објави Македонската информативна агенција – МИА.

Штип е без вода: Филтер станицата исклучена, поради крајно големата заматеност од синоќешното невреме

Градот Штип од 14 часот е без вода за пиење. Филтер станицата се исклучи од цевководот на хидросистемот „Злетовица“ поради големата заматеност на водата која пристигнува од браната Кнежево, информираше на вонредната прес-конференција директорот на ЈП Исар Штип Александар Арсовски.

ЗНАМ го осудува глорифицирањето на воените злосторства

Движењето ЗНАМ најостро ги осудува воените злосторства случени на поранешните југословенски простори, вклучувајќи ги и хашките случаи во Македонија од 2001г., и секој обид за нивна глорификација, релативизација или оправдување

To top