Македонија

Минчев: Успехот на реформите зависи од довербата на граѓаните

Конференцијата, која се одржува по повод десет години од иницијативата WeBER во Западен Балкан, е значајна регионална платформа за размена на искуства и добри практики.

Министерот за јавна администрација, Горан Минчев, на четвртата регионална конференција „Граѓаните на прво место: Деценија на унапредување на јавна администрација насочена кон граѓаните“ во Белград порача дека реформата на јавната администрација не може да биде успешна ако се спроведува само во институциите, туку мора да се гради заедно со граѓаните преку партнерство, транспарентност и активно учество.

Конференцијата, која се одржува по повод десет години од иницијативата WeBER во Западен Балкан, е значајна регионална платформа за размена на искуства и добри практики.

„Успешната јавна администрација не се мери само преку донесени закони и стратегии. Таа се мери преку довербата на граѓаните, квалитетот на услугите што ги добиваат и нивното чувство дека се активен дел од процесите на донесување одлуки“, истакна министерот Минчев.

Тој ги посочи како особено значајни новата законска рамка за административните службеници, законот за стручно усовршување и обука, како и законот за високата раководна служба, кој претставува историски чекор кон професионализација на највисоките раководни позиции.

Минчев нагласи дека во подготовката на новите законски решенија уште од најраната фаза биле вклучени граѓанските организации, синдикатите, академската и експертската јавност, а истиот принцип се применува и при ревидирањето на Акцискиот план за спроведување на Стратегијата за реформа на јавната администрација.

„Граѓаните не смеат да бидат само корисници на јавните услуги. Тие треба да бидат активни партнери во нивното креирање, затоа што најдобрите политики се создаваат преку дијалог, партнерство и заедничка одговорност“, порача министерот.

Најнови вести од: Македонија

Лефков: Специјалниот бугарски пратеник Филипче спремен да истурка уставни измени сметајќи дека така ќе дојде на власт

„Специјалниот бугарски пратеник Филипче е подготвен да истурка уставни измени, сметајќи дека така ќе дојде на власт.“ – истакнува пратеникот од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста.

Костадиновски: Нема „левица“ да ми ја креира криерата

Претседателот на Уставниот суд на Република Македонија, Дарко Костадиновски, реагираше на соопштението на политичката партија Левица, истакнувајќи дека нема да коментира политички ставови, но чувствува обврска да одговори на, како што наведе, личните дисквалификации и навреди упатени кон него.

Во Истанбул ќе се одржи бизнис форум за унапредување на економската соработка меѓу Северна Македонија и Турција

Овие настани претставуваат дел од пошироките напори за промоција на економските потенцијали на земјата и привлекување нови странски инвестиции преку директна комуникација со меѓународната бизнис-заедница.

Мицунски: „На Западен Балкан му е потребен европски пат, а не на постојано одложување“

„Проширувањето веќе не е само технички пристапен процес, туку стратешка инвестиција во безбедноста, стабилноста и конкурентноста на Европа. Безбедна и просперитетна Европа не може да биде целосна без целосна интеграција на Западен Балкан“, им предочи шефот на македонската дипломатија

To top