Македонија

Мицкоски: Продолжуваме со реализација на ветеното, сега е време кога се гради

Битна разлика од претходната влада

Премиерот Христијан Мицкоски присуствуваше на почеток на реконструкција на објектот на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“ во Тетово.

-Почнува реконструкција на еден објект од каде што се излезени многу академци, професори, научници, градоначалник, така што сигурен сум дека и во иднина од овој објект ќе излегуваат многу луѓе коишто ќе додадат вредност не само за Тетово туку и за Македонија како држава, изјави Мицкоски.

Премиерот ја искористи приликата да информира дека од штотуку завршениот втор повик што го објави Министерството за локална самоуправа, општина Тетово добива финансирање на проекти во вредност од 11.5 милиони евра, инаку на ова се додава 3,7 милиони од првиот повик и доаѓаме до сума поголема од 15 милиони евра.

– Тоа не се само пари, тоа не е само асфалт и бетон, тоа значи подобар живот за граѓаните, поквалитетен живот нешто што досега не се случило не само во Тетово туку во цела држава. Продолжуваме со реализација на ветеното, на реализација на она што граѓаните го очекуваат од нас како Влада. Помина времето кога се крадеше, сега е време кога се гради во тетово и во цела Македонија, истакна Мицкоски.

Тоа е разликата помеѓу оваа Влада и овој градоначалник и она кое беше во минатото и минатата Влада, истакна Мицкоски.

Реконструкцијата на објектот е донација од околу 800 илјади евра од општествено одговорна компанија која ќе донира и објект во општина Теарце.

Најнови вести од: Македонија

Седницата на комисијата за контрола на АНБ се одложи на неодредено

Закажаната седница на собраниската Комисија за надзор на работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, предвидена за денес во 11 часот, е одложена без наведување на причините и без информации за нов термин.

Тежок удар за Ахмети и ДУИ: оставка на Насер Халити од раководната позиција во огранокот во Петровец, ги обвинува дека станале „роднинска структура“!

Медиумите на албански јазик во Македонија ја нагласуваат во прв ред жестоката критика на партискиот ветеран уште од почетоците на основањето и дејствувањето на ДУИ Халити, сега веќе дел на Демократското движење и на Вреди, дека неговиот досегашен шеф Али Ахмети и неговите истомисленици ги „подготвуваат своите деца да ја преземат власта во партијата, која нема повеќе никаква врска со првичните идеали“!

Продолжува судењето против поранешниот директор на Онкологија

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судскиот процес против четворица онколози, вклучително и поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, обвинети за несовесно лекување на пациенти.

ВРЕДИ: ДУИ се нервозни затоа што Изет Меџити ги искорени од Изборна единица 1!

ДУИ и вистината се разделија одамна, но повеќе од сè, ги изгоре моментот кога Изет Меџити ги искорени Блерим Беџети, Артан „нон грата“ Груби и Бујар Османи заедно со целата нивна придружба од Изборната единица број 1.

Седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, за денеска во 11 часот закажа седница на Комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) и Агенцијата за разузнавање, поради сомнежите за незаконско прислушување од страна на АНБ во периодот од 2019 до 2024 година.

To top