Македонија

Османи: Во 2022 година бевме регионална ѕвезда, а сега преговараме со поинаква Бугарија

Според потписникот на Вториот протокол со Бугарија, „ситуацијата“ со источниот сосед требало да се реши тогаш

Бујар Османи, кој како министер за надворешни работи на 17 јули 2022 година во Софија го потпиша Вториот протокол, смета дека тогаш Македонија имала многу поповолна ситуација за да го реши проблемот со Бугарија отколку сега.

„Јас мислам дека во 2022 година ние бевме во многу поповолна ситуација бидејќи зад тој договор што го направивме стоеја најголемите сили – САД, Франција, Германија. Ние бевме претседавачи на ОБСЕ, почнавме стратешки дијалог со САД, бевме регионалната ѕвезда. Бугарија не беше, беше во постојани кризи со седум-осум избори. И наместо тогаш да се реши таа ситуација, ние се доведовме во ситуација денеска Бугарија да е влезена во Шенген, да е влезена во Еврозона, да има нов стратешки договор со САД, да има стабилна политичка власт и сега да преговараме со една многу поинаква Бугарија“, изјави во интервју за „360 степени“ на Македонска телевизија „претседателот на половина свет“, како што сегашниот потпретседател на ДУИ се претстави себеси додека претседаваше со ОБСЕ.

Најнови вести од: Македонија

Стојаноски: Македонија предводник во регионот, патничкиот авиосообраќај порасна за 27,9%

Резултатите покажуваат дека Македонија станува се попривлечна туристичка и транспортна дестинација. Аеродромите во Охрид и Скопје го имаа најуспешниот јули досега, поставувајќи историски рекорди во македонскиот воздушен сообраќај, вели пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски.

Тошковски: Водата во Гостивар останува исклучиво за техничка употреба, контролите ќе се засилат

Водата од градскиот водовод во Гостивар сè уште не е безбедна за пиење и останува да се користи исклучиво како техничка, соопшти министерот за внатрешни работи Панче Тошковски по состанокот на Главниот штаб за управување со кризи.

Уште еден сомнителен случај на западнонилска треска

Уште едно лице, на возраст од 76 години, кај кое е потврдено воспаление на мозокот и мозочните обвивки од вирусно потекло, како и позитивна серологија од серум за вирусот западен нил е хоспитализирано во текот на изминатото денонокие на Клиниката за инфективни болести.

ВМРО ДПМНЕ: Жерновски 20 години ја цица државата, тој е талог на општеството

СДСМ се препозна и се прогласи за талог на општеството, а еден од основоположниците на тој талог е токму нивниот неуспешен амбасадор Андреј Жерновски, одговори ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Жерновски.

To top