Македонија

Мемов: Нема конечен договор за реконструкцијата на Владата

На прашањето дали постои можност ЗНАМ да нема конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ, Мемов кусо одговори дека „сите опции се отворени“.

Портпаролот на Движењето ЗНАМ, Никола Мемов, изјави дека анализата на работењето на партиските функционери покажала дека тие се во рамките на спроведувањето на владината програма, додека за најавената реконструкција на Владата рече дека сè уште нема конечен договор за ниту едно прашање.

На прес-конференција, Мемов истакна дека ЗНАМ направила детална анализа на работењето на своите функционери, вклучително и на двајцата министри.

„Ние направивме анализа на работењето на нашите функционери и генералната оценка е дека се во рамките на спроведување на владината програма“, рече Мемов.

Тој додаде дека преговорите за реконструкцијата на Владата се одвиваат во континуитет.

„Имавме неколку средби на партиско лидерско ниво и преговарачките тимови работат во континуитет. На маса се сите отворени теми. Нема конечен договор за ниту едно прашање. Очекуваме разврска кон средината на следната недела“, изјави Мемов.

Запрашан дали ЗНАМ бара некој ресор доколку го напушти Министерството за правда, Мемов потсети дека партијата не барала да влезе во Владата, туку била поканета од ВМРО-ДПМНЕ врз основа на изборните резултати и кадровскиот потенцијал.

„Оттаму, ние не сме тие кои што бараа да влезат во владата. Ние бевме поканети да влеземе во владата“, нагласи тој.

Мемов додаде дека се прави анализа и евалуација на работата на сите министри во владата, а не само на оние од ЗНАМ, и дека партијата влегла во Владата за остварување на програмските цели, а не за задоволување на лични или партиски амбиции.

На прашањето дали постои можност ЗНАМ да нема конечен договор со ВМРО-ДПМНЕ, Мемов кусо одговори дека „сите опции се отворени“.

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски зачуден од молкот на СДСМ за градоначалникот на Гостивар

Премиерот Христијан Мицкоски денеска остро возврати на обвинувањата од СДСМ во врска со случајот со загадената вода во Гостивар, посочувајќи дека опозициската партија намерно го премолчува градоначалникот на општината, кого самата го поддржала на локалните избори

Поделба, федерализација, размена на население – Ахмети, Бучковски, Тачи и Георгиевси со четири верзии за 2001

Прославата на 25-годишнината од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор организирана од ДУИ отвори едно од најчувствителните прашања од конфликтот во Македонија во 2001 година – дали во текот на кризата постоел план за поделба на Македонија. Според последните изјави на Али Ахмети, Владо Бучковски и Мендух Тачи се појавуваат три различни толкувања, а во целата приказна повторно се враќа и улогата на Љубчо Георгиевски и на идеите што тогаш се поврзуваа со МАНУ.

(Фото+Видео): Ужасот над Зелениково, ноќеска од пожар спасени куќи, рече Ангелов

Околу 2 часот по полноќ пожарот над Зелениково веќе не бил далечна црвена линија на ридот. Огнот се приближувал кон последниот ред куќи, а една вознемирена жителка побарала помош од директорот на ДЗС. Во такви минути нема простор за административно префрлање од телефон на телефон – или некој реагира веднаш или растојанието меѓу пламенот и домот станува опасно кратко.

To top