Македонија

ДИК ги објави првичните резултати: убедлива победа на ВМРО-ДПМНЕ и во вториот круг

Според првичните резултати, кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата водат во 21 општина, кандидатите на Коалицијата Вреди во четири општини, кандидатите на СДСМ и Коалицијата во три, додека Движењето ЗНАМ, Унија на Роми, Национална Алијанса за Интеграција – НАИ и Група избирачи Менди Ќура освоија по една општина.

Државната изборна комисија ги објави првичните неофицијални резултати од гласањето во вториот круг на локалните избори 2025 година, спроведени во 32 општини и во Градот Скопје. Претседателот на ДИК Борис Кондарко информира дека од обработени 98,25 отсто од избирачките места, гласале вкупно 415.435 граѓани, или 41,76 проценти на ниво на државата.

Во Скопје кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата Орце Ѓорѓиевски доби поддршка од 93.207 граѓани, додека неговиот противкандидат од Левица, Амар Мециновиќ освои 58.994 гласа, или 36,26 проценти од вкупните гласови. Излезноста во главниот град изнесува 35,05 проценти. Во Аеродром, од обработени 99,9% податоци, за актуелниот градоначалник Дејан Митески од ВМРО-ДПМНЕ гласале 17.873 граѓани, додека за Александар Трајановски од СДСМ 9.489. Во Боговиње, Фети Абази од Вреди доби 6.380 гласа, а Бесник Емши од НАИ 5.040.

Во Брвеница Јовица Илиевски од ВМРО-ДПМНЕ освои 4.369 гласа, додека Хаким Рамадани од Вреди 4.224. Во Валандово Ѓоко Камчев од ВМРО-ДПМНЕ доби 3.258 гласа, а Перо Костадинов од СДСМ 3.012. Во Виница Митко Костадиновски од ВМРО-ДПМНЕ освои 4.449 гласови, додека Гоце Милевски од СДСМ 3.320. Во Карпош Сотир Лукровски од ВМРО-ДПМНЕ доби 12.650 гласови, а противкандидатот Стевчо Јакимовски 11.421. Во Кичево Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ доби 14.205, а Фатмир Дехари од НАИ 11.908.

Во Крушево, тесен пресврт донесе победа на Нико Чонески од ВМРО-ДПМНЕ со 2.662 гласа, додека Томе Христовски од СДСМ доби 2.643. Во Тетово Бајрам Реџепи од НАИ освои 15.958, додека Биљал Касами од Вреди 21.004. Во Центар актуелниот градоначалник Горан Герасимовски од СДСМ освои 10.429 гласа, додека Мирослав Лабудовиќ од Движењето ЗНАМ 7.578. Во Шуто Оризари актуелниот градоначалник Курто Дудуш од Унија на Роми доби 3.354 гласа, а противкандидатот Ерџан Демир од ВМРО-ДПМНЕ 2.991.

Претседателот на ДИК Кондарко посочи дека согласно со Изборниот закон како избран во втор круг се смета кандидатот, што добил мнозинство од вкупните излезени гласачи. Тој најави дека денес, на 3 ноември 2025 година, на јавна седница ќе бидат објавени првичните официјални резултати. Роковите за приговори ќе започнат веднаш по нивното соопштување.

Нетпрес

Најнови вести од: Македонија

Мицкоски: Ако не се свртиме кон семејните вредности и многудетните семејства економијата ќе биде на удар

Ако не се свртиме кон семејните вредности и кон многудетните семејства и ако тие вредности не ги промовираме, македонската економија ќе биде прва која што ќе биде на удар, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски, коментирајќи ја изјавата на вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски дека до 2030 година годишно ни се потребни 50.000 странски работници, за да го држиме нивото на БДП што го имаме сега.

ОКТА продолжува со попуст од два денари по литар дизел гориво

Како одговор на најновите случувања на меѓународните пазари на горива, ОКТА АД – Скопје воведува привремен попуст од 2 денари по литар дизел гориво, со важност од денеска, 20 октомври 2026, до 2 ноември 2026 г.

(Фото): Работна средба за инфраструктурните приоритети на Карпош

Градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, се сретна со ресорниот министер за транспорт, Александар Николоски, каде беа разгледани тековните инфраструктурни проекти и можностите за нови инвестиции во интерес на граѓаните.

To top