Хроника

Кривична пријава против З.Н.(60) од Волино, експретседател на општина Дебарца, поради „несовесно работење во службата“ од 2017 до 2025

СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Н.(60) од село Волино, општина Дебрца, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата“, соопшти МВР.

„Тој, во својство на градоначалник на општина Дебарца, свесно, со пропуштање на должен надзор и со несовесно постапување, односно без потпишан договор овозможил на неколку правни субјекти во деловна зграда сопственост на општината, на катастарска парцела во селото Волино, во периодот од 2017 до 2025 година, слободно да вршат трговска дејност, без обврска да плаќаат одреден паричен надомест во буџетот на општината“. се вели во соопштението.

Според МВР, пријавениот тоа го направил иако знаел дека, според Статутот, управува со сопственоста на општината и е должен да презема мерки и да го обезбедува користењето на сопственоста во согласност со закон. На тој начин, пријавениот и предизвикал значителна материјална штета на општина Дебарца, се вели во соопштението.

Најнови вести од: Хроника

Албански медиуми: мафијашка уцена на сопственик на локал во Добарце, Тетовско, „да исплати 250 илјади евра, или ќе се соочи со последици“?!

Д.Ф. (51), жител од тетовското село Добарце, пријавил во полиција дека добил сериозни закани и барање за исплата на 250 илјади евра. Во спротивно, ако не го стори тоа, како што било наведено, „ќе се соочи со последици“. Ова го објави информативниот портал на албански јазик „Без цензура“.

To top