Македонија

Минчев: Две години реформи за менување на јавната администрација – повисоки плати, професионални раководители и нови стандарди за современи институции

Две години реформи што ја менуваат јавната администрација – повисоки плати, професионални раководители и нови стандарди за модерни институции – истакна на денешната прес-конференција министерот за јавна администрација Горан Минчев, на која ги презентира резултатите од двегодишното работење на Министерството.

Минчев потенцира дека јавната администрација не се менува со најави, туку со конкретни решенија, системски промени и работа на терен. Посочи дека резултатите од реформскиот процес се насочени кон создавање професионална, ефикасна и модерна администрација, која ќе биде поблиска до граѓаните и подобро подготвена да одговори на нивните потреби. – Не ветувавме реформи, туку работевме на нивно спроведување. Не се водевме од краткорочни решенија, туку од потребата да поставиме стабилни темели на систем, кој со години се соочуваше со одложувања и недовршени процеси – рече тој.

Посочи дека еден од најзначајните резултати е усвојувањето на трите системски закони во областа на јавната администрација – Законот за административните службеници, Законот за вработените во јавниот сектор и Законот за стручно усовршување и обука на административните службеници. – Особено значаен сегмент од реформите е подобрувањето на статусот на административните службеници. Во партнерски дијалог со синдикатите постигнат е историски договор преку колективните договори, со кој е обезбедено континуирано зголемување на платите на административните службеници за 40 проценти до 2028 година. Реформата на јавната администрација не може да биде успешна без да се грижиме за луѓето што секојдневно ја носат работата на институциите – нагласи Минчев.

Министерот потенцира дека важен чекор кон професионализација на управувањето е донесувањето на Законот за високите раководители, со кој првпат се воспоставува единствен систем за избор и управување со највисоките раководни позиции во државната администрација. – Новиот модел предвидува јавен оглас, проверка на условите, рангирање и избор на најдобрите кандидати, со што високите позиции се поврзуваат со знаење, компетентност, професионално искуство и интегритет. Законот опфаќа државни секретари, директори и заменик-директори во институциите во кои е предвидено, а воведува и механизми за следење на нивната работа и одговорност за резултатите. Дополнително, со ограничувањето на в.д. мандатите на шест месеци и намалувањето на бројот на членови во управните одбори на три члена се создава поголема стабилност, ефикасност и рационално користење на јавните средства – рече тој.

Паралелно со законските промени, како што потенцира министерот, воспоставена е Академијата за јавна администрација како нов систем за развој на знаењата, компетенциите и професионалниот потенцијал на административните службеници. – Со модернизацијата на Центарот за обука во Аеродром, реализацијата на обуки за повеќе од 1.000 административни службеници во државата и развојот на современ електронски систем за учење ЛМС се поставуваат темели за администрација во која континуираното учење и усовршување ќе бидат составен дел од кариерата. Академијата не ја гледаме само како нова институција, туку како инвестиција во луѓето и мотор на модерната администрација – истакна министерот.

Минчев нагласи дека во изминатиот период биле реализирани и други значајни процеси, унапредување на Информациониот систем за управување со човечки ресурси – ИСУЧР, воспоставување механизми за следење на Стратегијата за реформа на јавната администрација, реформа на инспекцискиот систем, како и подобрување на процесите за управување со квалитетот во институциите. Потенцира дека во Министерството се реализирани и активностите во рамките на Партнерството за отворена власт, преку кое се зајакнуваат транспарентноста, отчетноста и учеството на граѓаните во креирањето јавни политики, а паралелно се унапредил и процесот на процена на влијанието на регулативата (ПВР) преку поголема транспарентност, јавни консултации и подобро планирање на законските решенија.

Со сите овие активности, како што истакна министерот, Министерството за јавна администрација во изминатите две години направило значајни чекори во воспоставувањето нова рамка за функционирање на јавната администрација. Минчев потенцира дека овие процеси претставуваат цврста основа за администрација, која ќе се гради врз знаење, компетентност и одговорност, со крајна цел граѓаните да добијат поефикасни институции и подобри услуги.

Најнови вести од: Македонија

Шамбевски: Бугарија чини катастрофално погрешен чекор во однос на Македонија со моштите на Самоил! Може да ги пренесе, но не и Самоиловата тврдина од Охрид!

Споменот на Царот Самоил е во многу нешта заслужен за развивање на македонскиот национален идентитет и како таков бил светилник во најтемните денови на овој народ. Неговите коски можете да ги преместите колку сакате. Но, планините, езерата, градовите и историските траги не ги собира во ковчег!“ – реагира Оливер Шамбевски, македонски политичар и поранешен амбасадор на Република Македонија во низа светски држави, во врска со циркусот така наречен „враќање на моштите на цар Самуил во Бугарија“.

ВМРО ДПМНЕ: Каракачанов да си ги покани во Бугарија Заев и Филипче на пренесување на моштите на цар Самоил, кој има неизбришлива трага за Македонија!

„Во однос на поканата на Каракачанов до лидерот на ВМРО- ДПМНЕ Мицкоски за присуство на пренесување на моштите, посоодветно е таа покана да ја испрати до неговите истомисленици Зоран Заев и Венко Филипче.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ кон Красимир Каракачанов. Претходно, во текот на овој ден, на 30 септември 2026 година Красимир Каракачанов, во улога на претседател на бугарската партија ВМРО и поранешен бугарски вицепремиер му упати дрска и провокативна покана на лидерот на ВМРО ДПМНЕ и претседател на Владата на Македонија Христијан Мицкоски „да присуствува на 3 октомври 2026 година на враќањето на посмртните останки на големиот бугарски владетел цар Самуил во неговиот роден град, во Софија, како знак на почит кон една од најзначајните личности во нашата заедничка средновековна историја“!

Македонија со стабилни девизни резерви, банките со солидна ликвидност

Во својот најнов извештај за нашата земја, меѓународната рејтинг-агенција „Фич“ ги нагласува кредибилноста и континуитетот на монетарната политика на Народната банка, како и стабилноста и отпорноста на банкарскиот сектор. Агенцијата оценува дека долгорочната посветеност за одржување стабилна монетарна политика, поддржана од фиксниот курс на денарот кон еврото, претставува важен фактор за макроекономската стабилност.

Ќе дадеме јасна предност на сериозни, добро осмислени и одржливи проекти, рече министерот Сулејмани за Годишните конкурси

Министерот ги повика уметниците, здруженијата, независните културни организации и сите заинтересирани апликанти да ги разгледаат условите на конкурсите и навремено да ги поднесат своите проекти.

Големата еко-акција: 30.000 граѓани засукаа ракави – ќе го чистат Скопје од ѓубре

Околу 30.000 граѓани денеска се приклучија на големата акција за расчистување на Скопје, во рамки на која илјадници сограѓани, заедно со градоначалници, претставници на амбасади, јавни личности, млади и волонтери, со заеднички ангажман придонесоа за почист и поуреден град.

Макстил донираше инструмент за новата лабораторија на ТМФ – современа опрема за идните инженери

Лабораторијата за хемиски анализи на Технолошко-металуршкиот факултет доби X-ray инструмент (XRF), дониран од Макстил и Швајцарска амбасада преку Хелветас, со кој студентите ќе можат практично да го изучуваат составoт на металите.

Најнови вести

To top