Македонија

Лефков: „Братот“ и „Љубави“ се пофали дека го избришал македонскиот идентитет и јазик

Откако Бојко Борисов вчера се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик се поставува прашањето каква е улогата на СДС, на Зоран Заев и Венко Филипче во сето тоа

Братот на Заев и љубави на Стево, Бојко Борисов се пофали дека го избришал идентитетот и јазикот, изјави Миле Лефков, пратеник и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бојко љубави, те поздрави Зоки” дипломатијата на СДС ја доведе Македонија до бришење на македонскиот идентитет и јазик од Резолуцијата на ЕП, додаде тој.

„Откако Бојко Борисов вчера се пофали дека лично го изработил предлогот за бришење на македонскиот идентитет и јазик се поставува прашањето каква е улогата на СДС, на Зоран Заев и Венко Филипче во сето тоа?

Особено треба да имаме во предвид дека Зоран Заев за Борисов велеше дека му е брат, а Стево Пендаровски му пренесуваше поздрави на Борисов од Заев ословувајќи го Бојко љубави.

Дополнително истиот тој Зоран Заев велеше дека македонскиот народ и бугарскиот се исти, и дека зборуваат ист јазик.

Кога ќе се земе сето ова во предвид, се поставува логичното прашање, дали СДС, Зоран Заев и Венко Филипче лично стојат зад предлогот за бришење на македонскиот јазик и идентитет од Резолуцијата на ЕП?

И истите овие структури, СДС и бугарските печурки во Македонија како Андреј Жерновски, ја напаѓаат Владата на ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски“, потенцира Лефков.

Се е целосно јасно. Жално е што СДС наместо да ги искористат своите позиции за да лобираат за Македонија тие ги штитат бугарските интереси, изјави Лефков.

Најнови вести од: Македонија

Финансова со кривична за затајување данок од 380.000 евра

Првопријавениот В.Р. во периодот од 2011 година до 2019 година, свесно и со намера да се стекне со противправна имотна корист, подигнал парични средства во готово во износ од 53.872.587 денари, на име „материјални и патни трошоци“ без да изготви и достави документација.

Промовиран порталот „Е-наука“ како национална база за истражувачите, науката и иновациите

Досега во „Е-наука“ се регистрирани 229 истражувачи, за кои се достапни податоци за образованието, вработувањето, научното звање, институцијата, научното поле, како и резултатите и индикаторите од базите „Веб оф сајнс“, „Скопус“ и „Гугл сколар“.

Не е отпуштен ниеден наставник, иако во основното образование има 200 паралелки помалку, а во средното 100

Во моментот има околу 200 паралелки помалку во основното образование и 100 паралелки помалку во средното образование, соопшти министерката за образование и наука Весна Јаневска.

To top