ВМРО-ДПМНЕ им предложило на опозициските партии во Парламентот да состават и да договорат текст и да им го дадат, а дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ги прифати сите предлоги кои вклучуваат гласање на дијаспората со вклучени препораки од ОБСЕ и ОДИХР.
- Велеа сакаме една изборна едница ние велиме прифаќаме бланко, договорете се прифаќаме една изборна единица. Тоа е прво, второ им требале повеќе средства за финансирање на кампањата еве и тоа им прифаќаме, нема проблем, ние ќе се откажеме од нашиот дел делумно и тоа ќе го префрлиме кај опозициските партии. Начинот на гласање, како тие ќе одлучат тоа ќе им го прифатиме – рече премиерот истакнувајќи дека во моментот проблем е што опозициските партии немаат заеднички става.
Мицкоски кажа дека слуша разни информации и лаги и конструкции во јавноста од опозицијата, претежно од Левица кои, како што вели, како да сакаат да се оправдаат пред оние малкумина кои го давале гласот за нив затоа што учествувале во преговори и се договарале.
- И затоа што сега во суштина не изгледа Робеспјер, како што тие кажуваат, туку парите се проблем. Тоа е суштината – рече Мицкоски.