Македонија

Координирана акција за расчистување на Скопското кале

Скопското Кале е едно од најзначајните историски и културни обележја на нашиот главен град

Во координирана акција на скопските општини Гази Баба, Кисела Вода, Аеродром, Ѓорче Петров и Бутел, преку ЗЕЛС и во соработка со Министерството за култура, денес започнавме активности за расчистување и уредување на просторот околу Скопското Кале.

Како скопски градоначалници не можевме да останеме глуви на повикот од Министерството за култура, кое веќе неколку месеци бара помош и поддршка за овој простор, но не доби соодветен одговор од ЈП Паркови и Зеленило и од Градот Скопје. Одлучивме заедно да преземеме иницијатива и да покажеме дека кога институциите соработуваат, може да се постигне многу, објави Бобан Стефковски, градоначалник на општина Гази Баба.

Скопското Кале е едно од најзначајните историски и културни обележја на нашиот главен град. Тоа е симбол на историјата и идентитетот на Скопје, сведоштво за неговото минато и место кое секојдневно го посетуваат туристи, ученици и граѓани. Затоа, должност ни е да го третираме со внимание и почит.

Срамна е сликата која туристите ја гледаат – запуштен простор, неуредена вегетација, отпадоци и занемарена околина. Тоа не е лицето што сакаме Скопје да го покаже пред светот. Затоа, оваа акција е само прв чекор – ќе продолжиме со координирани напори за трајно одржување и унапредување на овој значаен објект, додаде тој.

Со здружени сили можеме да направиме многу за нашето културно наследство. Скопското Кале заслужува повеќе – заслужува грижа, внимание и континуирана поддршка, потенцира Стефковски.

Најнови вести од: Македонија

Охридскиот аеродром ќе биде готов до крајот на летото, како ќе изгледа?!

Реконструкцијата на Охридскиот аеродром се одвива според утврдената динамика. Прогресот е околу 80 до 90 проценти и се очекува реконструкцијата да биде завршена согласно утврдениот рок односно до крајот на летото.

Клековски: Утре ќе биде завршена микробиолошката анализа за Гостивар, граѓаните да се внимателни при високи температури

Институтот за јавно здравје ја водеше истрагата со земање на три примероци од вода за пиење и еден површински. Тешки метали, нема а микробиопошката анализа ќе биде завршена утре. 

Што навистина ја предизвика состојбата на над 1.200 заболени во Гостивар?!

Здравствената состојба во Гостивар предизвикува сè поголема загриженост кај жителите, откако повеќе од 1.200 лица, меѓу кои и деца, побарале медицинска помош поради стомачни тегоби и симптоми на труење.

Клековски ќе ја посети болницата во Гостивар по масовното труење со загадена вода

Агенцијата за храна и ветеринарство издаде забрана за употреба на водата за пиење од гостиварскиот водоводен систем поради основано сомнение дека водата е загадена и небезбедна за употреба.

Семејството на Тоше Проески се дистанцира од најавениот концерт во Сплит

Нема да настапат Кристијан, ниту придружниот бенд на Тоше. Организаторите немаат службена дозвола од нас за негово одржување, а ние сме единствените носители на правата – се вели во објавата.

To top