Македонија

Украл пари од џеб на пациент на Онкологија

Крадецот ја искористил небрежноста на пациент од Велес, му ставил рака во џеб и зел 300 евра и 28.000 денари

Основното јавно обвинителство во Скопско покрена постапка против 60-годишен маж осомничен за кривично дело – Тешка кражба по член 236 став 1 точка 3 од Кривичниот законик.

Кражбата била извршена на Клиниката за радиотерапија и онкологија.

Крадецот ја искористил небрежноста на пациент од Велес, му ставил рака во џеб и зел 300 евра и 28.000 денари.

Пациентот подоцна забележал дека му се украдени парите и го пријавил тоа во Полиција.

Сторителот бил идентификуван од снимките од болничките камери.

„Со оглед на тоа што сторителот на кривичното дело претходно бил осудуван, како и храброста со која сега го сторил кривичното дело во медицинска установа каде во исто време голем број пациенти во тешка состојба, вклучувајќи го и оштетениот, чекале да примат терапија од која зависел нивниот живот, јавниот обвинител му предложил на судијата на претходна постапка да му изрече мерка притвор на осомничениот. Решението за притвор веќе е прифатено од судот“, соопшти Јавното обвинителство.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

Најнови вести

To top