Македонија

Продолжува судењето против поранешниот директор на Онкологија

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судскиот процес против четворица онколози, вклучително и поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, обвинети за несовесно лекување на пациенти.

Денеска во Основниот кривичен суд Скопје треба да продолжи судскиот процес против четворица онколози, вклучително и поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, обвинети за несовесно лекување на пациенти.

Претходното рочиште беше одложено поради отсуство на второобвинетата Мери Пешевска, чиј адвокат достави медицинска документација и барање за одлагање. На обвинителна клупа тогаш беа присутни првообвинетиот Васев, како и онколозите Симонида Црвенковска и Драган Јакимовски.

Одбраната поднесе дополнителни докази со кои се оспоруваат вештачењата на Обвинителството, а адвокатот на Васев побара исклучување на дел од доказите добиени од Словенија, тврдејќи дека вештакот Маја Радник нема официјален статус во таа земја. Обвинителката Ана Гоговска Јакимовска оцени дека овие наводи се неосновани, бидејќи обвинителниот акт веќе ја поминал фазата на оценка.

Судијката Снежана Марковска го одобри барањето за одлагање, за да може Судот да се запознае со новите барања на одбраната.

Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.

Паралелно, против Васев и поранешниот економски директор на Клиниката е поднесено и друго обвинение за злоупотреба на службена положба и проневера, со предизвикана штета од над 2,2 милијарди денари на државниот буџет.

Најнови вести од: Македонија

Да се забрани „џанк“ храна во училиштата и да се оданочат зашеќерените пијалаци, бара Клековски

Министерот ги повика граѓаните, особено оние со зголемен ризик или со семејна историја на дијабетес, да не ги игнорираат симптомите како постојан замор, зголемена жед или заматен вид и да направат превентивен преглед.

Тамара Котевска го освои „Британскиот Оскар“ за документарен филм, рамо до рамо со Херцог и Дејвид Атенборо

Македонската режисерка Тамара Котевска, двојно номинирана за ОСКАР и двојно номинирана за ЕМИ, го освои престижното Гран-при признание (за најдобар кино-документарец) на овогодинешното доделување на наградите „Гриерсон“ (Grierson British Documentary Awards) во Лондон, кои во светската кинематографија важат за британски Оскар за документарни филмови.

Се проширува достапноста на банкарските услуги за клиентите на „АЛТА банка“ – од понеделник нова експозитурата во Прилеп

Народната банка продолжува внимателно да ја следи состојбата во „АЛТА банка“ АД Битола и да презема активности за да им се овозможи на сите клиенти полесен пристап до сопствените средства и непречено извршување на платежните услуги.

To top