Македонија

Вчера Македонија под удар на исклучително силни оркански ветрови: Во Штип со брзина до 134 километри на час!

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) на Република Македонија врз основа на податоците од Националната мрежа на автоматски метеоролошки станици, вчера на 21 јули 2026 регистрираше исклучително силни удари на ветер, приближни до историските рекордни вредности.

На Автоматската метеоролошка станица во Штип, во 17 часот, е регистриран оркан со максимален удар на ветер од 134 км/час со правец запад-северозапад. Во Скопската котлина, на Автоматската метеоролошка станица Скопје, во 16:10 часот е регистриран оркан со максимален удар од 130 км/час со правец север-северозапад . Ветер со истата сила од 130 км/час е регистриран и на Автоматската метеоролошка станица Ново Село во Струмица, во 17:50 часот, со правец северозапад .

Оркан/ураган според класификацијата за јачина на ветер, претставува ветер чија брзина надминува 118 км/час. Тоа е екстремно силен ветер кој на оваа територија се случува многу ретко и предизвикува силни уривања значајни штети во пошироки размери.

Од 47 мерни места за ветер во Републиката, луња и ветер со брзина од 62 до 88 км/час е регистриран на 12 мерни места, силна луња со брзина од 88 до 102 км/час на 6 мерни места, орканска/ураганска луња со брзина од 102 до 117 км/час на едно мерно место, а оркан/ураган со брзина над 118 км/час на 3 автоматски метеоролошки станици. На останатите мерни места е регистриран ветер со брзина под 62 км/час.


Најнови вести од: Македонија

Кузманоска: Во следните години Македонија треба да врати долг од околу 8 милијарди евра, направен од власта на СДС и ДУИ, а не се знае за што ги потрошија!

„Кога СДС зборува за задолжувањето мора да се потсетиме на многу важен факт: во следните неколку години Македонија треба да врати близу 8 милијарди евра, земени кога беа на власт СДС и ДУИ. Не се создадени вчера долговите, што треба да ги враќа Владата, предводена од ВМРО-ДПМНЕ, денес и во следните години.“ – нагласи Билјана Кузманоска, пратеничка од ВМРО ДПМНЕ во денешното обраќање кон јавноста. 

Сиљановска-Давкова: Заветот од АСНОМ не’ обврза каква држава да создадеме

Дрржава не се гради само со демократските избори и со конституирањето на институциите, туку со градење на функционални институции, со одбрана и заштита на човековите права и со почитување на највисоките стандарди, не само на домашното туку и на меѓународното право, порача претседателката на Македонија

To top