Бизнис

Коридорот 8 ќе биде целосно завршен до 2029, автопатот Кичево-Охрид до втората половина на 2027, потврди премиерот

Изградбата на автопатските делници од Коридорот 8 во западниот дел на земјата се интензивира во изминатите две и пол години, а целокупниот патен правец треба да биде завршен до 2029 година – најави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан.

Изградбата на автопатските делници од Коридорот 8 во западниот дел на земјата се интензивира во изминатите две и пол години, а целокупниот патен правец треба да биде завршен до 2029 година – најави премиерот Христијан Мицкоски на промоцијата на интегрираниот граничен систем „One Stop Shop“ на граничниот премин Ќафасан. Одговарајќи на новинарско прашање за напредокот на изградбата на автопатите и патната инфраструктура во западниот дел од државата, Мицкоски посочи дека делниците Тетово–Гостивар и Гостивар–Букојчани напредуваат согласно предвидената динамика.

Тој информираше дека е започната и изградбата на делницата Букојчани–Кичево, која треба да ги поврзе новите автопатски делници со автопатот Кичево–Охрид, со што ќе се заокружи патното поврзување од Тетово до Охрид.

Во однос на продолжувањето на автопатот кон граничниот премин Ќафасан, Мицкоски посочи дека кај местото Требеништа е оставена клучка за продолжување на трасата, но дека за овој дел ќе треба да се разгледа алтернативно техничко решение. Причината, како што објасни премиерот, е тоа што станува збор за подрачје кое е предмет на УНЕСКО, а согласно последниот извештај ќе треба да се бара решение што ќе ги земе предвид овие ограничувања.

Мицкоски најави дека автопатот Кичево–Охрид треба да биде пуштен во употреба до крајот на квартал во втората квартал од следната година, додека целокупниот патен правец од Тетово до Охрид треба да биде завршен до 2029 година.

Најнови вести од: Бизнис

(Видео): ТЕЦ „Неготино“ повторно ќе произведува струја, рече премиерот

Премиерот тврди дека струјата од ТЕЦ „Неготино“ би чинела од 170 до 175 евра за мегават-час. За три години е предвиден ископ и транспорт на три милиони тони јаглен од Косово, а ЕСМ подготвува набавка на 45.000 тони мазут.

Камата 4,6%, рок до 1 декември – Граѓаните можат да запишат обврзници од 10.000 денари

Четвртата емисија на Граѓански обврзници предвидува каматна стапка од 4,6 отсто и рок на достасување од две години. Запишувањето се врши во деловните банки, а аукцијата е закажана за 3 декември.

Просечна плата од 88.787 денари во ИТ секторот, во угостителството само 35.447 денари – на што се должи тоа?!

Растот на просечната нето-плата се должи на повисоките исплатени плати во секторот „снабдување со вода, отстранување на отпадни води, управување со отпад и дејности за санација на околината“, каде што е забележан раст од 11,6%.

Басани од Светска банка: Народна банка е силна институција што придонесува за стабилен и отпорен банкарски сектор

Басани нагласува дека осумдесетгодишнината на Народната банка е потсетник дека силните институции се градат со постојани вложувања, професионализам и континуитет низ генерациите.

To top