Првиот човек на македонската метропола објави: Пред околу час и половина, до нас како град Скопје пристигна пријава за непозната материја која од реката Лепенец се влеваше во Вардар.

Нашите инспекциски служби веднаш излегоа на терен, а дополнително ги контактиравме и инспекциските служби на Министерството за животна средина, кои исто така веднаш излегоа на терен.

Од инспекциските служби на град Скопје, беше пуштен и дрон за откривање на причинителот на оваа појава, а службите од ЈП ,,Водовод и канализација” беа повикани за да земат примероци од реката и веднаш ги испитаат и утврдат за каква материја станува збор.

Во комуникација сме со Министерството за животна средина и министерот и верувам дека за брзо време ќе биде откриен причинителот на оваа појава и соодветно казнет! Толеранција нема да има за никого! – порача градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски.