Македонија

Николоски: Во следните месеци ќе се пуштат 10 километри од автопатот Охрид-Кичево, најсложените за сообраќај (Видео)

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика. Интензивно се градат галериите, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај, соопшти на својот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој и овој викенд врши увид во градежните активности.

– Две галерии се целосно завршени, на третата интензивно се работи, изгрaдбата на галериите е најдоброто решение за стабилизација на земиштетo, што на терен се покажува како ефикасно решение.



Паралелно се работи на стабилизација на земјиштето, на довршување на мостовите, како и на довршување на двете цевки на тунелите.


Ова беше напуштен проект, ова беше проект во којшто никој не веруваше, но веќе се гледа крајот, имаме 34 километри на коишто се вози, а во следните неколку месеци ќе отвориме уште 10 километри коишто се најкомплицирани 10 километри на овој автопат каде што влегуваат тунелите и галериите, нагласи на општествената мрежа вицепремиерот Александар Николоски.

 

Видео

Најнови вести од: Македонија

Муцунски со порака до Брисел: Проширувањето на ЕУ е инвестиција во сопствената безбедност

Проширувањето на Европската Унија со земјите од Западен Балкан не е само инвестиција во стабилноста на регионот, туку и стратешка инвестиција во безбедноста, силата и иднината на Европа, порача министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски.

To top