Македонија

Муцунски: Бујар нека не држи лекции што е прифатено, а што не, знае добро што преговараше и прифаќаше!

„Бујар Османи последен има право да држи лекции за тоа што е прифатено, а што не. Тој многу добро знае што преговараше, што прифаќаше и во каква позиција ја остави државата. Затоа, денес нека не троши енергија за да ги извртува фактите и да толкува туѓи изјави.“ – реагира министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски на својот фејсбук-профил кон последните тврдења на Бујар Османи, потпретседател на ДУИ и поранешен министер за надворешни работи, инаку потписник на спорниот Втор протокол.

На изјавата на Муцунски дека протоколите не се дел од преговарачката рамка на Македонија со ЕУ Бујар Османи се огласи со тврдење дека „четири години велел оти протоколите не се дел од Преговарачката рамка“. „Четири години велам дека протоколите не се дел од Преговарачката рамка. Четири години трпам критики, напади и навреди. Четири години цртам на табли, објаснувам, повторувам. Еден чекор поминат – имаше напишано Османи на својот фејсбук- профил.

Во својата денешна најнова реакција кон овие „цртања на табли, објаснувања и повторувања“ на Османи актуелниот шеф на македонската дипломатија Тимчо Муцунски натаму нагласува: „Политичар кој не успеа да ја добие довербата ниту на своите најблиски сограѓани во Чаир, ниту на своите соседи, ниту на луѓето што најдобро го познаваат, навистина е последниот што треба да држи лекции за политички легитимитет. По таков пораз, многумина би покажале политичка одговорност и би се повлекле, наместо да продолжат да делат лекции.“

„За разлика од неговите спинови, позицијата на оваа Влада е јасна и непроменета од првиот ден. Повеќе од две години слушаме обвинувања дека ќе попуштиме, ќе се откажеме и ќе прифатиме сè што претходно било договорено. Наместо тоа, со дела покажавме доследност, принципиелност и јасна заштита на македонските национални интереси. Тоа денес е јасно и дома и кај нашите меѓународни партнери.“

„Политичката меморија не е толку кратка колку што би сакал. Граѓаните знаат кој ја доведе државата во оваа ситуација. И знаат кој денес се обидува да избега од сопствената одговорност.“ – порачува Муцунски во реакцијата кон Бујар Османи.

Најнови вести од: Македонија

Домашното производство покри речиси 97 отсто од потрошувачката на струја во мај

Домашното производство на електрична енергија речиси целосно ги задоволи потребите на граѓаните и стопанството во текот на месец мај годинава, покажуваат најновите претходни податоци за енергетиката на Државниот завод за статистика (ДЗС).

Николоски: Во следните месеци ќе се пуштат 10 километри од автопатот Охрид-Кичево, најсложените за сообраќај (Видео)

Изградбата на автопатот Охрид – Кичево се реализира со забрзана динамика. Интензивно се градат галериите, во следните месеци ќе се пуштат најкомплицираните 10 километри за сообраќај, соопшти на својот фејсбук-профил вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски, кој и овој викенд врши увид во градежните активности.

Со реформите во јавната администрација директорите ќе мора да бидат способни, стручни и образовани

Академијата за јавна администрација е носителот на обуките, а преку модернизацијата на Центарот за обука, повеќе од 1.000 административни службеници веќе поминаа обуки и добија пристап до современ електронски систем за учење.

ВМРО ДПМНЕ: СДС, ДУИ и Таравари го штитат Лимани, кој не се чувствувал виновен за загрозеното здравје на илјади граѓани

„Опозицијата е морално капитулирана и без никаков компас. Она што се случи во Гостивар, токму поради неажурноста и незаинтересираноста на локалната власт, предводена од Валбон Лимани, покажа колку коалицијата СДС, ДУИ и Таравари не се грижи за граѓаните.“ – реагира ВМРО ДПМНЕ.

„Плус инфо“: Бура во чаша вода по изјавата на Муцунски за протоколите со Бугарија

Изјавата на министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски дека протоколите не се правен дел од Преговарачката рамка предизвика бурни реакции во повеќе македонски и бугарски медиуми. Шефот на македонската дипломатија за Плусинфо потврди дека нема промени во македонската принципиелна позиција во однос на пристапниот процес кон ЕУ. Ова го објави „Плус инфо“.

To top