Македонија

Тепачка со секири во Струмица (ВИДЕО)

Авторот на видеото наведува дека станува збор за лица од непалско потекло

Видео од центарот на Струмица кружи низ социјалните мрежи, каде што се гледаат сцени на дивјачко насилство меѓу три лица кои користат секири во тепачка, објави порталот СкопјеИнфо

На снимката од централното градско подрачје, јасно се гледа како една жена и двајца мажи се впуштаат во насилна конфронтација користејќи секири како оружје. Авторот на видеото наведува дека станува збор за лица од непалско потекло.

До моментот нема официјални информации од полицијата за овој конкретен инцидент, но видеото предизвика бурни реакции кај граѓаните кои бараат итни мерки за спречување на ваквиот тип насилство.

ВИДЕО на следниот ЛИНК

https://skopjeinfo.mk/shokantni-sceni-od-centarot-na-strumica-tri-lica-se-tepaat-so-sekiri

Најнови вести од: Македонија

Може ли Мерко да си го купи службеното „ауди“?

Мерко беше обвинет и гонет за злоупотреба на службената положба, затоа што набавил четири службени возила меѓу кои и аудито, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро-сметка, сепак, на почетокот на јуни 2025 година беше ослободен од вина

До 5-ти февруари аплицирање на студентски оброк

Правото на субвенциониран студентски оброк е наменето за редовни студенти на додипломски студии со месечен приход понизок од минималната нето плата, како и за студенти запишани на постдипломски и интегрирани студии на државните и приватните универзитети во земјава

To top