Хроника

На гробиштата во Ѓорче Петров се степале за – паркинг

Расправијата со силата на аргументите преминала со употреба на аргументите на силата, при што била нападната и 60-годишна жена

Во кругот на гробиштата во Ѓорче Петров вчера напладне се развила „размена на аргументи“ со сила за паркинг место, при што бил употребен дрвен предмет.

„На 24.01.2026 во 12:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во кругот на гробиштата на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, по претходно недоразбирање околу паркинг простор, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Ј.Ф.С. (38) и Д.С. (33), двајцата од Скопје, при што Ј.Ф.С. употребила и дрвен предмет, а Д.С. физички ја нападнал мајката на Ј.Ф.С., С.Ф. (60). По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок“, стои во билтенот на МВР.

Најнови вести од: Хроника

Условно осудениот Пецов – Ѓаволот си ја плати казната од 8.000 евра, а „рушветчијата“ Стафа бара условен отпуст!

Љупчо Пецов – Ѓаволот, осуден во предметот „Синџир“, ја уплатил паричната казна од 492.000 денари, односно околу 8.000 евра, информираат од Основниот кривичен суд Скопје. Пецов, кој беше осуден на условна казна затвор од две години, на 2 септември ја уплатил паричната казна, по што за тоа бил известен и Судот. Адвокатот Фехми Стафа, обвинет дека примил поткуп од 50.000 евра, за да влијае кај судија во предметот поврзан со Пецов, сè уште ја издржува затворската казна од една година и три месеци. Стафа сега бара условен отпуст!

Две и пол години затвор за вработената во МВР, што фалсификувала возачки дозволи, 1,3 години за возачите

Тројца обвинети во предметот за фалсификување возачки дозволи ја признале вината и добија затворски казни во скратена постапка. На првообвинетата, вработена во Министерството за внатрешни работи, ѝ е изречена казна затвор од две години и шест месеци. Второобвинетиот и третообвинетиот се осудени на една година и три месеци затвор. За сите тројца е продолжена мерката притвор, информираа на средба со новинарите во Основниот кривичен суд Скопје.

Тошковски: Целта не е само заплена, туку откривање на луѓето, структурите и паричните текови зад трговијата со дрога

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во Полициската академија во Скопје се обрати на отворањето на обуката за истраги и кривично гонење на кривични дела поврзани со дроги, во организација на Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (UNODC), со поддршка на Амбасадата на Соединетите Американски Држави. Обуката е дел од проектот за поддршка на спроведувањето на Националната стратегија за дроги и е насочена кон унапредување на капацитетите за спроведување сложени истраги преку поврзување на криминалистичките и финансиските истраги, одземањето имот и примената на посебни истражни техники.

Најнови вести

To top