Поради продор на многу топла воздушна маса од југ, односно од Африка, од 5 август температурите значително ќе се зголемат, а времето се очекува да биде претежно стабилно, сончево и суво.
Во поголем дел од земјава дневните температури би надминувале 35 степени, додека најтопло се очекува да биде во Скопската Котлина, Повардарието, централните и југоисточните делови, каде што локално температурите би можеле да надминат и 40 степени.
Се очекуваат и тропски ноќи во повеќе градови, при што температурата во текот на ноќта и раните утрински часови нема да се спушта под 20 степени.
Периодот на изразено високи температури, според прогнозите, би можел да трае шест до седум дена, односно приближно до 10 или 11 август, по што се очекува постепено намалување на интензитетот на топлината.