Македонија

Тетовец реагира за сообраќајниот хаос во Тетово: Градот е заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички!

Тетовецот Бошко Видоески преку објава на општествените мрежи реагираше на, како што наведува, сообраќајниот хаос и нарушениот јавен ред во Тетово за време на летниот период. Тој оценува дека градот е „заложник на возила со швајцарски, германски и италијански регистарски таблички“, обвинувајќи дека дел од возачите непрописно паркираат, создаваат бучава, турираат, се тркаат и го нарушуваат мирот на граѓаните.

Според Видоески, жителите на Тетово со месеци се соочуваат со проблеми во секојдневното функционирање, бидејќи, како што наведува, тешко се стигнува до дома, нема доволно места за паркирање, а бучавата трае до доцна во ноќта.

Во објавата тој ја критикува и реакцијата на институциите, оценувајќи дека „нема доволно ред и контрола“, како и дека „надлежните не преземаат мерки за надминување на состојбата“.

„Не може да биде нормално ова во град, кој не е туристички да се однесува како туристички. И во таквите градови постои ред. Туризмот не смее да биде на штета на жителите кои живеат тука цела година“, напиша Видоески. 

Најнови вести од: Македонија

Санџак Курт е нов генерален директор на Лимак Скопје

Назначувањето на Санџак Курт е природно продолжување на развојниот пат на Лимак Скопје и ја потврдува определбата на компанијата за континуитет во управувањето, натамошен развој на инвестициите и градење долгорочни партнерства засновани на доверба, професионалност и заеднички успех.

Мисајловски: Продолжува осовременувањето на Армијата со нова опрема, униформи и вооружување

Министерот за одбрана Владо Мисајловски најави дека Армијата во наредниот период ќе добие значително нова опрема и вооружување, оценувајќи дека процесот на модернизација ќе овозможи нејзино зајакнување на, како што рече, највисоко ниво во историјата.

To top