Свет

Папата Лав XIV: Мојата мисија е да им служам на луѓето ширум светот

Љубов кон Америка, но мисија поширока од една земја

Папата Лав XIV, првиот поглавар на Римокатоличката црква роден во Соединетите Американски Држави, изјави дека чувствува голема љубов кон својата татковина, но нагласи дека пред сè се смета за пастир на универзалната Црква, а не само за Американец.

Во интервју за американската телевизиска мрежа NBC, дадено за време на молитвено бдение во летната папска резиденција Кастел Гандолфо, Светиот Отец истакна дека неговата мисија е да им служи на луѓето ширум светот.

„Имам голема љубов кон Америка, но мојата мисија има многу поширока димензија. Јас сум пастир на универзалната Црква и имам можност да им се обраќам на луѓето од целиот свет“, изјави папата, кој речиси две децении работел како мисионер во Перу.

Запрашан што најмногу сака кај Соединетите Држави, Лав XIV рече дека ги цени вредностите врз кои е изградена земјата.

„Го сакам чувството на слобода, идејата за можности и подготвеноста со генерации да се прифаќаат луѓе од различни делови на светот за да станат дел од Америка“, рече 70-годишниот папа.

Тој откри и дека неговото семејство има имигрантско потекло. Посочи дека неговите баба и дедо биле имигранти, а по мајчина линија има предци кои биле и робови и сопственици на робови. Неговиот дедо по таткова линија бил Италијанец, а бабата Французинка.

Следејќи го примерот на својот претходник, папата Франциск, Лав XIV повеќепати јавно застана во одбрана на мигрантите, оценувајќи дека односот кон нив во САД за време на администрацијата на Доналд Трамп бил „нехуман“.

На 4 јули, Денот на независноста на САД, тој го посети италијанскиот остров Лампедуза, една од главните влезни точки за мигрантите што преку Средоземното Море се обидуваат да стигнат до Европа. Оттаму повика на поголема толеранција и заштита на ранливите мигранти.

Папата изјави и дека официјална посета на Соединетите Држави засега не е планирана, но изрази надеж дека ќе отпатува таму во блиска иднина.

Најнови вести од: Свет

Обединети Арапски Емирати: Сопилотот на „Флај Дубаи“ го нападнал пилотот со секира, се обидел со „терористички“ напад

Копилотот на летот FZ1073 на „Flydubai“ се обиде да изврши „терористички“ напад за време на летот, изјави во саботата главниот обвинител на Обединетите Арапски Емирати, објави државната новинска агенција WAM.

ЕУ воведува нов вид бензин – Е20, горивото треба да го намали европскиот увоз на нафта

Не е сосема јасно кои возила се прилагодени за E20. Се претпоставува дека повеќето современи бензински мотори би можеле да го користат без тешкотии, а за некои понови модели на BMW веќе има одобренија за поголеми пропорции на етанол.

Осуденичка на смрт преживеа обид за погубување откако ѝ беа дадени две смртоносни дози

Повеќе од 40 минути по втората доза, таа сè уште покажувала знаци на живот, по што била пренесена во болница, а нејзините адвокати тврдат дека нов обид за егзекуција би покренал прашања во врска со забраната за сурови и необични казни, содржана во Осмиот амандман од америкнскиот устав

To top