Државниот ревизор Ацевски се огласи денес со соопштение до јавноста: „Ве известувам дека мојата службена електронска адреса (maksim.acevski@dzr.gov.mk) беше цел на безбедносен инцидент, при што од неа беа испратени неовластени пораки. Ве молам да ги игнорирате и избришете сите сомнителни пораки испратени од оваа адреса во кои се бара внесување на корисничко име, лозинка или други доверливи информации.“
„Ако сте кликнале на линк, или ако сте внеле податоци, ве молам веднаш променете ја лозинката на вашата електронска пошта и известете ја вашата ИТ-служба. Нашата ИТ-служба навремено реагираше, сметката е обезбедена и преземени се сите потребни мерки за спречување на понатамошна злоупотреба.“ – се наведува во дописот од ревизорот, испратен до јавноста.