Хроника

Тројца криумчари од Блаце се уапсени на границата со Косово, полицијата им заплени две возила

Фото

Министерството за внатрешни работи информира дека вчера се уапсени тројца криумчари од селото Блаце, одземени им се две возила, како и криумчарена стока на македонско-косовската граница.

Според МВР, криумчарите биле затекнати додека товареле стока во товарно возило „мерцедес вито“ со скопска регистрација и патнички автомобил „хјундаи“, кој бил без регистрација.

„На 31.07.2026 околу 23:00 часот, полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север, постапувајќи по Оперативен план за спречување, откривање и фаќање на лица кои вршат криумчарење преку државната граница, на подрачјето на с. Блаце, поточно на граничната линија помеѓу с. Блаце и Хани Елезит, од слобода ги лишија Н.Б.(27), Х.Б. (26) и Е.Џ. (21), сите од с.Блаце. Возилата и стоката се одземени, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци“, соопшти МВР.

Најнови вести од: Хроника

Јанев по полициската операција во Прилеп: Митот за „недопирливите“ падна, повеќе не може никој да се крие зад „врски“!

По големата полициска операција, спроведена пред два дена во која беше сузбиена организирана криминална група, вмешана во недозволена трговија со дрога и економски криминал, директорот на Бирото за јавна безбедност Александар Јанев денеска го посети Одделението за внатрешни работи во Прилеп.

Дејан Јованов доби 30-дневен притвор за случајот „Пулс“, сега за поткуп

Судија на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје определи притвор во траење од 30 дена за Дејан Јованов од Кочани. Тој постапуваше по предлогот за тоа Јавниот обвинител од Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Директорот во „Државна лотарија“ Владо Петковски на судењето негираше сознанија за влијание на Груби врз одлуките на Бајрами

Со вкрстено испитување на сведокот Владо Петковски, директор на Секторот за игри на среќа во АД „Државна лотарија“, денеска во Основниот кривичен суд Скопје продолжи судењето за предметот „Државна лотарија“, откако претходно тој беше директно испитан од обвинителството.

Тошковски: Разбиена сериозна криминална група, дел од неа дејствувал над 15 години во Македонија и во земји од ЕУ!

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во гостување во Радио Лидер соопшти детали за големата полициска акција, која вчера беше спроведена во Прилеп. Тој посочи дека е разбиена многу сериозна организирана криминална група, на која Министерството за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство и со странски партнерски служби, работело повеќе од една година.  „Значителен дел од таа организирана криминална група повеќе од 15-тина години го правела тоа што го правела и биле недопирливи за органите на прогон.“ – истакна Тошковски.

To top