Македонија

Мицкоски: Илинден не е само датум, тој е и завет

Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да бидат предавани, можат да бидат потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, затоа што слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ, порача денеска премиерот Христијан Мицкоски

Во своето обраќање од Пелинце, по повод одбележувањето на националниот празник 2 Август, Илинден – Денот на Републиката, премиерот нагласи дека денеска не се одбележува уште еден празник во календарот на нашата држава, туку споменот за времето кое не се мери со години, туку со идеали, со жртви, со соништа и со луѓе кои знаеле дека има мигови во историјата кога човекот повеќе не живее само за себе, туку живее за народот, за својата татковина и за генерациите кои допрва ќе дојдат.

„Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да бидат предавани, можат да бидат потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, затоа што слободата не започнува на границите на една држава, туку во срцето на еден народ. Токму затоа денес ги славиме двата Илиндена како една историска целина, затоа што Крушево и АСНОМ не се две различни приказни, туку една низа, две страници од истата книга, напишана со вера, со храброст и со непоколеблива одлучност Македонија да биде своја, достоинствена и слободна, истакна Мицкоски.

Премиерот потсети дека  На АСНОМ, недалеку од ова место, во манастирот Св Прохор Пчински, потсети

Мицкоски, потсети дека во Крушево се родила идејата дека слободата вреди повеќе од животот. и дека таа идеја добила своја државотворна форма на Асном.

Во Крушево се покажало дека народот никогаш не престанува да сонува, а на АСНОМ се покажало дека народот кој не престанува да сонува, знае и да создава.

„Два маркантни ликови ги водеа овие два процеси. Претседателот на Славната Крушевска Република Никола Карев и првиот претседател на АСНОМ Методија Андонов Ченто. И делегатите на Првото заседание на АСНОМ на 2 август 1944 година го побарале својот темел, основата на која ќе ја градат македонската држава и таквата цврста подлога ја пронашле 41 година наназад, во македонскиот Илинден 1903 година, на темелите на борбата на комитите и војводите кои 4 децении пред нив го развеале знамето на Крушевската Република и се бореле за слободна и автономна Македонија чиј патрон е организацијата ВМРО – рече Мицкоски.

Во моментите кога асномците во манастирот Св. Прохор Пчињски ги изгласувале основачките акти, решенија и одлуки кои ја дефинирале тогашната македонска државност, тие биле свесни дека историскиот континуитет со 2 август 1903 година е од суштинско значење за градењето и зацврстувањето на македонскиот национален идентитет и затоа поврзувањето на двата Илиндена јасно го запишале во документите како еден од најглавните столбови на Асномска Македонија, рече премиерот.

„Декларацијата за основните права на граѓаните во Македонија била изгласана по примерот на Француската револуција од 1789 година и таа ги регулирала слободата на говорот, правото на национална припадност, правото на движење, правото на глас, за прв пат и правото на глас на жените, правото на вероисповед и правото на приватна сопственост. Со овој документ, АСНОМ пред македонскиот народ и останатите националности во Македонија ја претставувал новоформираната држава не само како држава со социјалистичко општествено уредување- со доминантна комунистичка идеологија, туку и како држава со примеси на граѓанско политичко уредување – рече Мицкоски.

Автор на овој значаен документ, додаде тој, бил Владимир Полежиновски, доктор по правни науки и еден од делегатите со највисоко образование кој бил и еден од авторите на поголемиот дел од документите изгласани и усвоени на Првото заседание на АСНОМ

Антифашизмот, рече премиерот, станал трајна македонска определба, а благодарение на политиките на тогашното македонско воено- политичко раководство во Македонија била избегната идеолошка граѓанска војна со крвави последици, нешто што се случувало на поранешните југословенски простори за време на Втората светска војна.

„Асномците, македонските борци за слобода во НОБ со одлуките и решенијата на 2 август 1944 година, потврдија и трајно запечатија и уште еден историски факт, кој не може да го побие или негира ниту еден фактор, држава или историографија: Македонското народно ослободително движење во текот на Втората светска војна, македонските партизани, македонската војска, сама, со сопствени сили, без ничија помош од надвор ја ослободи Македонија од окупаторите и со тоа го верификуваше автохтониот, самостоен карактер на македонската државност. Слободата на Македонија не ја донесе никој однадвор, македонскиот народ и сите националности, сами се изборија и ја извојуваа македонската државност и ги остварија вековните идеали на ајдутите, комитите, војводите, партизаните и на сите знајни и незнајни борци низ децениите наназад“, истакна премиерот во обраќањето во Пелинце.

Најнови вести од: Македонија

Михаилов: Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, оти тоа значи директна поддршка за нив!

Граѓаните да не купуваат дрва од дрвокрадците по пониски цени, овој повик го упати заменик директорот на ЈП „Национални шуми“, Кире Михаилов. Тој посочува дека ваквата набавка на дрва од страна на граѓаните значи и директна поддршка на дрвокрадците, кои ги пустошат македонските шуми.

Димитриевски: ЗНАМ поддржува средба и разговор со Бугарија, но без отстапки околу македонскиот идентитет и јазик

Македонија има европска определба, но и јасно поставени црвени линии кога станува збор за македонскиот идентитет, јазик и култура. Ставот што ЗНАМ го застапува е и став на Владата и државна позиција на Македонија, нагласи претседателот на Движењето ЗНАМ Максим Димитриевски на денешната средба со граѓани во Гостивар.

Клековски: Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка годишно во Македонија, ќе се преиспитува скрининг-програмата

Околу 1.000 нови случаи на рак на дојка се регистрираат годишно во земјава, а во моментов околу 7.000 пациентки се лекуваат или се лекувале, изјави министерот за здравство Сашо Клековски на „Розовиот пикник појадок“ во Скопје во Паркот кај Школка, организиран од ХЕМА-ОНКО. Настанот го поддржа и претседателката на Македонија Гордана Сиљановска-Давкова, како и голем број жени кои присуствуваа, за да ги слушнат пораките за важноста на превенцијата, раното откривање и отворениот разговор за ракот на дојка.

Целосно слеп човек повикан да докажува дека е слеп и му била намалена помошта – ДКСК утврди дискриминација од стручната комисија

Човек целосно слеп на двете очи, чија здравствена состојба е медицински утврдена како трајна и непроменлива, повторно бил повикан на контролен преглед за да му се проценува потребата од туѓа помош и нега. Помошта што претходно ја добивал му била определена во помал обем.

Интервју: Глупост е Самуил да се враќа во Бугарија, тој таму никогаш и не бил, вели професор Атанасовски

Професорот Александар Атанасовски, чија специјалност е средниот век, вклучително и времето на Византија и Самуиловото Царство, беше гостин во емисијата Радио Точка, во рамки на програмата Хоризонт на Бугарското национално радио БНТ. Централна тема – договорот меѓу Бугарија и Грција за пренесување на наводните коски на цар Самуил од Солун во Софија.

Најнови вести

To top