Македонија

Божиновски: Вечна да си Македонијо, убавице, а ние да дораснеме да сме достојни за тебе

Кај има празни куќи да се запалат светла, да се наполнат гнезда и по села и градови, посака писателот за Денот на независноста

Писателот и сценарист Божидар Божиновски со честитка за 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија.

„’Те барам во жестоката можност за обединување на мојот раштркан народ!’ – Петре М. Андреевски

Вечна да си Македонијо, убавице, а ние да дораснеме да сме достојни за тебе, па кај што течела крв со векови да потечат и солзи од радост, кај има плач да се слуша само смев, кај има празни куќи да се запалат светла, да се наполнат гнезда и по села и градови, па и од сите болки и радост да расцути“, напиша Божиновски на Фејсбук.

Најнови вести од: Македонија

To top